МИСИЈА

Преку својата мрежа на грански синдикати, КСС нуди бесплатна правна заштита на сите свои членови. КСС има регионални канцеларии ширум земјата кои обезбедуваат техничка, економска и правна помош на сите членови на КСС.

КСС е мнозинскиот синдикат на вработените од јавниот сектор, и е потписник na Општиот колективен договор за јавниот сектор (јануари 2008 година). Ова е дополнителен мотив за идните членови на КСС бидејќи согласно одредбите на КД, тој важи само за членовите во времето на потпишувањето или за сите останати кои ќе се приклучат по потпишувањето.

КСС нуди голема демократија во организирањето на гранските синдикати и основните организации на ниво на претпријатија.

Конфедерацијата ја одликува отвореност и лесен пристап за комуникација со раководните структури.

Дополнителен мотив за  приклучување е и ниската членарина кон КСС, која, согласно Статутот на КСС изнесува 10% од приходите кои сидикатите ги остваруваат од членарина. 

КСС остварува низа функции меѓу кои што најзначајни се:

    • Застапување на синдикатите - членки пред социјалните партнери со цел преговарање за подобрување на законската регулатива во поглед на работничките права и заштита при работа;
    • Преговарање за колективни договори за приватниот и за јавниот сектор на национално ниво и обезбедување на услови за реализација на истите;
    • Грижа за навремено информирање на своите членови за измените во законодавството кои ги засегаат работните луѓе и нивните семејства;
    • Застапување на своите членки во меѓународните организации и асоцијации и обезбедување на меѓународна поддршка;
    • Синдикална едукација и организирање синдикални кампањи;
    • Обезбедување на бесплатна правна заштита и застапување за членовите;
    • Грижа за заедиштвото и солидарноста во меѓусебната поддршка на своите членки;
    • Координирано информирање на јавноста за проблемите со кои се соочуваат членовите, за тековните активности и успеси и обезбедување поддршка од домашната и странската јавност.

Основање на Синдикална организација (на ниво на претпријатие)

 

  1. Се формира Иницијативен одбор за основање на СО;
  2. Иницијативниот одбор одржува состанок на кој се донесува Одлука за основање синдикална организација (за кое се води Записник);
  3. Заинтересираните вработени потпишуваат пристапници и по собирање на најмалку 10 пополнети пристапници, може да се свика Основачко собрание на кое се избираат Претседател и членови на извршното тело (Извршен одбор или Претседателство). За Основачкото собрание се води Записник и се подготвува посебна Одлука за избор на претседател (со ЕМБГ) и за членови на извршното тело;
  4. Доколку Основната организација сака да се зачлени во гранскиот синдикат во КСС, се доставува Барање за упис во регистарот.

 

Основање на грански синдикат

  1. Нов грански синдикат се формира по Иницијатива на две или повеќе синдикални органзации, со одржување на Основачко собрание. За ова се води Записник, и се изготвуваат посебно Одлуки за Избор на Претседател и извршни органи (Извршен одбор или Претседателство, Надзорен одбор и Статутарна комисија);
  2. Со завршената постапка од точка 1, се поднесува Барање за упис во Регистарот до Министерството за труд и социјална политика. По поднесеното барање, Централниот регистар изготвува Решение за упис во регистарот;
  3. Со добиеното решение од Централен регистар, се поднесува Барање до банка за отвoрање жиро сметки на ниво на гранка и основите организации.

 

НАПОМЕНА: Доколку Ви се потребни дополнителни информации,
Стручната служба на КСС стои на располагање.

Унифицираната пристапница може да се превземе преку следните линкови:

WORD     PDF

 
 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011