ОПШТО ЗА КСС
Конфедерацијата на слободните синдикати на Македонија ги обединува сите работници независно од нивната национална, верска или социјална припадност и пол, врз принципот на солиданост, во едно слободно, демократско и независно синдикално движење. КСС е целосно и искрено посветена единствено на одбрана и почитување на правата и потребите на работните граѓани и како синдикално движење е целосно настрана од влијанијата на политичките партии и работодавците.   Основањето и формирањето на Конфедерацијата е реализација на толку потребната темелна промена, нова насока во синдикалното движење во Македонија со цел да се врати надежта на работниците во просперитетот и да се врати почитта кон трудот. Конфедерацијата се води врз принципите на демократија, човекови права, социјална правда и солидарност и дејствува во одбрана на темелните права кои се загарантирани во секое демократско општество.
ОСНОВАЊЕТО НА КСС

Основачкиот конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија се одржа на 28 декември 2005 година. Конфедерацијата беше формирана од страна на:

  1. Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК);
  2. Самостојниот синдикат на вработените во одбраната (ССВО);
  3. Синдикатот на финансиските организации на Македонија (СФОМ) и
  4. Федерацијата за транспорт и врски (ФТВ). 

КСС се оформи како резултат на стремежот да се формира реформиран и модерен синдикат кој за прв пат во Македонија ќе биде вистинскиот репрезент на потребите на своите членови. КСС се формираше со задача да обезбеди нова и вистинска опција за работниот човек во Македонија. Формирањето на новата синдикална организација беше силно поддржано од меѓународното синдикално семејство, но и од интелектуалното ткиво и прогресивните сили во РМ, и доживеа огромна поддршка од работниците и граѓаните во земјата.

На почеткот на своето формирање, КСС броеше околу 53.000 члена. Процесот на регрутирање на нови членови е постојан, и нашиот синдикат во меѓувреме порасна на околу 70.000. Според Статутот, членството се организира во грански синдикати, кои пак, сочинуваат две Федерации – Федерација на синдикатите од јавниот сектор и Федерација на синдикатите од стопанството. Иако релативно млада, КСС во изминатиот период значително порасна и формира нови грански синдикати. Во КСС членки се следните синдикати:

  1. САМОСТОЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА И КУЛТУРА (СОНК);
  2. СИНДИКАТ НА ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА(СОБ);
  3. САМОСТОЕН СИНДИКАТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И ИНДУСТРИЈА (ССЕРИ);
  4. СИНДИКАТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ (СТВ);
  5. ЗЕМЈОДЕЛСКИ СИНДИКАТ;
  6. СИНДИКАТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И  УПРАВАТА (САДУ);
  7. САМОСТОЕН СИНДИКАТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА (ССВЛС);
  8. СИНДИКАТ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ;
  9. СИНДИКАТ НА ФИНАНСИСКИТЕ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈA
  10. Синдикат на Станбено-деловните и комуналните организации на Република Македонија (ССКО)
 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

  Copyright © КСС 2011