На вчерашната, деветта седница на Економско-социјалниот совет, синдикатите и работодавачите дадоа зелено светло за Предлог-законот за минимална плата, кој веднаш ќе биде упатен на Владина процедура. Утврдениот процент на минималнатаа плата е 39,6 отсто од просечната бруто-плата остварена во претходната година, со што минималната плата ќе ја следи динамиката на платите во земјава, што воглавном значи дека во просек ќе се покачуваат платите.
“Во износот на минималната плата не се вклучени додатоците, што значи дека ако вработениот работи прекувремено, во смена или дежура, како и додатокот од работен стаж, истите треба дополнително да се платат”, изјави Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика на Р. Македонија.
За работодавачите што нема да го почитуваат договореното ќе следуваат ригорозни казни кои се регулирани со овој закон. Платите во нискоакумулативните гранки, текстилната, кожарската и во индустријата за производство на облека ќе се усогласуваат во период од наредните 3 години, како што веќе беше договорено, и тоа е регулирано на следниот начин: минималната плата во вие сектори ќе изнесува најмалку 79,6% во 2012 година, 86,4% во 2013 година и 93,2 % во 2014 година, до достигнување на висината на минимална плата на национално ниво.
Видеото е превземено од првата македонска интернет телевизија Македонија24.
Превземањата се во согласност со условите пропишани од Македонија24. |