7.10.2011 - Конфедерацијата на слободни синдикати се приклучи на синдикатите од сите меридијани на светот со програма за одбележување на денот на пристојната работа кој повеже од една деценија е денот кога синдикатите заеднички упатуваат апел за пристојна работа за секого, согласно меѓународните стандарди. Ова е дотолку повеќе важно бидејќи Р. Македонија е потписник на Меморандумот за спроведување на националната Програмата за пристојна работа 2010-2013 во кои пристојната работа е посочена како суштински елемент за развојот на социјалната сфера во РМ. Оттаму, на 7 октомври 2011 во Хотел Бисер - Струга, со почеток во 11.00 се одржа презентација за пристојната работа која ја одржа Националниот координатор МОТ, Емил Крстановски. На ова одбележување беа присутни повеќе од стотина синдикални членови, лидери, жени и млади синдикалисти, вклучително претставници на синдикатите на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На презентацијата беа присутни и преставници на останатите сидникални централи во Р.Македонија – УНАСМ и ССМ. На сите учесници има беа поделени брошури за пристојната работа во кои е објаснет концептот и составните елементи на пристојната работа.
Присутните ги поздрави и Овидиј Журка, Вишиот специјалист на МОТ задолжен за работничките активности во Субрегионналната калцеларија на МОТ во Будимпешта, кој во своето обраќање ја посочи поговеноста на МОТ да помогне на синдикатот во неговата вечна борба за социјална правда и достоинство за работниците, но истовремено им честиташе на социјалните партнери во Р. Македонија на успехот со потпишувањето на минималната плата.
По презентацијата се одржа прес конференција која ја водеше Претседателот на КСС Раско Мишкоски заедно со Претседателот на УНСАМ Слободан Антовски и Координаторот на МОТ Емил Крстановски.
Овој настан беше покриен во националните и локалните медиуми во РМ, и беше оценет за мошне успешен и потребен.
|