| СРЕДБА НА СИНДИКАТИТЕ СО НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА |
Неполна недела по конститутирањето на новата Влада, на 01.08.2011 синдикатите ја остварија првата средба со новиот Министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој во претходниот владин состав беше на функција заменик министер за труд и социјална политика. На состанокот на кој беа присутни раководствата на сите национални синдикати се потврдија приотитетните задачи и активности за наредниот период. Беше потврдено интензивирање на работата на Економско-социјалниот совет како тело во кое треба да бидат процесуирани сите закони од економско-социјалната сфера и усогласувањето на домашното законодавство со легислативата на ЕУ и во таа насока, веќе се вршат подготовки за имплементација на директивата за формирање европски работнички совети. Синдикатите на оваа средба повторно го покрена барањето да се одреди висината на минималната плата под која работодавецот нема да смее да го плаќа работникот.
Предлогот на синдикатите е таа сума да биде 160 евра, но утврдени преку закон и да важат за сите сектори еднакво. За таа цел беше договорно синдикатот да спроведе експертска анализа заедно со Меѓународната организација на трудот. Новиот министер се уште не сака да избрзува со никакви бројки, но се заложи декс во следниот период тоа ќе биде еден од врвните приоритети утврден со социјалните партнери.
Синдикатите и министерот најавија интензивен социјален дијалог за справување со сивата економија и вработувањата на црно, како и заложби за заштита и безбедност при работа. „Нашата комуникација во наредниот период ќе биде многу поинтензивна, пред се во насока на подобрување на статусот и правата на работниците и заштита на тие што уште не се пријавени“, изјави министерот Ристовски. |
|
|