ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КСС НА 2 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ПЕРК

Второто Генерално собрание на Пан-европскиот регионален совет (ПЕРК) се одржа во Брисел на 6 декември, на која зедоа учество околу стотина синдикалисти од цела Европа. Претседателот на КСС Раско Мишкоски за прв пат зеде учество на ова собрание претставувајќи ја КСС како придружна членка на ИТУЦ. На собранието делегатите дебатираа за извештајот за активности на ПЕРК како и за програмата за претстојниот период, се постигна договор за измени на Статутот на ПЕРК и се избра новото раководство на ПЕРК. За претседател повторно беше избран Михаил Шмаков, претседателот на ФНПР, а за потпретседатели беа избрани Ерих Фоглар, Претседателот на ОГБ, Маријана Књишер од БНС и Јоана Симонек од Солидарност. Главниот фокус на состанокот беше ставен на економско-социјалната криза во Европа и нападите на работничките права кои многу влади и финансиски кругови ги практикуваат како нивна политика за излез од кризата.

 

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011