Женева (МОТ вести) – Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја отвора својата 100- та историска Меѓународна конференција на трудот во Женева на 1 - ви Јуни со повик за нова ера на социјална правда сред високиот степен на глобална невработеност и вработување несоодветно во однос на квалификациите и желбите за работа, како и јавната загриженост за состојбата со вработување по скорешната глобална финасиска криза. На 100- тата сесија од 1-17 јуни ќе се дебатира за сегашните и идните предизвици во работните односи вклучувајќи ги: рекордно високата стапка на невработеност; глобалната криза со вработувањето на младите луѓе; проширувањето на социјалната заштита во светски рамки така што таа би покривала 8 од 10 лица кои не добиваат таква заштита; улогата на трудовата администрација во обезбедувањето праведен третман на работното место и проширувањето на основните права за работа на милиони, главно домашни работници од женски род. „Социјалната правда е сериозен предизвик со кој светот се соочува“, рече генералниот директор на МОТ, Хуан Сомавиа, повикувајќи на нова ера на социјална правда. „На оваа 100-та конференција, делегатите на владите, работодавачите и работниците ќе разгледуваат на кој начин тие, како претставници на реалната економија, можат да одговорат на овој предизвик.“
Г-дин Сомавија ќе презентира нов Извештај за состојбата во работните односи насловен „Нова ера за социјална правда“. Извештајот предупредува дека актуелните модели на раст станале економски неефикасни, социјално нестабилни, модели кои штетет на животната средина како и политички неодржливи и раѓаат широко распространето незадоволство, па затоа повикува на нови модели на глобализација кои создаваат „широк и урамнотежен збир резултати кои луѓето ги бараат.“
На конференцијата, на присутните ќе им се обратат и почесни гости меѓу кои германскиот канцелар Ангела Меркел, индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудојоно, рускиот премиер Владимир Путин, палестинскиот премиер Салам Фајад, финскиот претседател Тарја Карина Халонен, танзанискиот претседател Јакаја Мришо Кикуете и швајцарскиот претседател Мишелин Калми-Реј, како и други поранешни глави на држави и раководители на меѓународни агенции.Во составот на Македонската делегација на 100-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот, во својство на делегат учествуваше и Претседателот на КСС, Раско Мишкоски. Покрај дискусијата во однос на моменталната состојба во работните односи, на конференцијата ќе се акцентираат и дискусиите за предложениот меѓународен стандард на трудот во однос на домашната работа; панел дискусии помеѓу високи претставници за невработеноста кај младите луѓе, за вработувањето и социјалната правда во глобализираната економија, улогата на пристојната работа во пофер, позелена и одржлива глобализација и визија за нова ера на социјална правда; пленарни дискусии за најновиот извештај на МОТ за ситуацијата на работниците во окупираниоте арапски територии. Конференцијата исто така на 10ти јуни, ќе биде место за панел дискусија во однос на децата на опасни работни места како дел од меѓународните настани за одбележување на Светскиот ден за борба против детскиот труд , 12ти јуни. |