ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА КСС ПО ПОВОД ДОГОВОРОТ ЗА ИЗНОСОТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
06.10.2011 - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес одржа прес конференција во врска со постигнатиот договор на последната седница на Економско-социјалниот совет за утврдување на Минималната плата во РМ. Овој договор е реализација на заложбата на КСС стара 6 години, кога КСС иницираше кампања кога собра 45.000 потписи како поддршка за донесување на закон за минимална плата. Прес конференцијата е свикана со цел да се дообјаснат одредени нејаснотии во однос на спроведувањето на договорот. За повеќе погледнете го видеото