ЕСС: ДОГОВОРЕН ИЗНОСОТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

01.10.2011:  На денешната седница на Економско-социјалниот совет, споцијалните партнери постигнаа договор нето износот на минималната плата во Република Македонија да се утврди на 8.050 МКД, а бруто износот на 12.265 МКД, што претставува 39,59% од просечната плата во РМ. Овој процент ќе биде внесен во Законот за утврдување за минимална плата, што значи дека со секоја корекција на износот на просечната плата ќе се менува и минималната.
„Овој договор е реализација на нашата заложба стара 6 години, кога КСС иницираше кампања во текот на која собра 45.000 потписи како поддршка за донесување на закон за минимална плата. Ние како КСС го поздравуваме овој договор, надевајќи дека со ова ќе се подобри состојбата на најзагрозените категории на граѓани“ изјави Раско Мишкоски, Претседател на КСС, на прес конференцијата која следеше по седницата на ЕСС.
На седницата беше присутен и Премиерот на РМ Никола Груевски, кој им честита на социјалните партнери за покажаната конструктивност и одговорност. Груевски рече дека над 65.000 работици ќе имаат директен придонес од донесувањето на овој Закон, чии примања се сега под законски договорениот минумум, но Законот има и други предности, пред се поради намалувањето на сивата економија, стимулирањто на потрошувачката, зголемување на работната етика итн.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој е и претседател на Економско – социјалниот совет, објасни дека за еден месец треба да се усогласи Законот, после што ќе оди на усвојување, анеговата примена започнува од 1 јануари 2012 година. За три индустриски гранки – текстил, облека и кожа, е оставен период на адаптација од три години.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски рече дека постигнатиот договор е историски чин за социјалните односи во Република Македонија

Претседателот на Организацијата на работодавачи Димитар Стојановски изрази благодарност што синдикатите и Владата покажаа разбирање за трите нискоакумулативни гранки, индустриите за текстил, кожа и облека.

 

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011