КСС ДЕЛ ОД НОВ РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ НА МОТ:
СТРАТЕГИИ ЗА ПОДДРШКА НА ЗАЗДРАВУВАЊЕТО ОД КРИЗАТА ВО ЈИЕ
Mеѓународната организација на трудот затпочнува нов регионален проект „Стратегии за поддршка на заздравувањето од кризата во Југоисточна Европа“. Овој проект ја вклучува и Македонија и на 26.01.2011 год. во Скопје се започна со серија состаноци со социјалните партнери, со цел да ги презентира деталите од истиот.
Проектот има за цел да го имплементира ,,Глобалниот пакт за работни места за ЈИЕ’’, кој е усвоен од страна на Меѓународната конференција на трудот во 2009. Глобалниот пакт е сочинет од практични политики за трипартитниот систем (владите, работниците и работодавачите), чијашто цел е стимулирање на економското заздравување и генерирање на нови работни места, со цел подобра заштита за работниците и нивите семејства. Сочинет е од четири дела:
  1. пристојна работа како одговор на кризата,
  2. принципи за унапредување на заздравувањето и развојот,
  3. пристојната работа како одговор на кризата што вклучува мерки за побрзо отворање на работни места и нивно заздравување и одржување на претпријатијата, градење системи за социјална заштита и заштита на луѓето, поголемо почитувањето на меѓународните стандарди за трудот, социјален дијалог, колективно договарање итн. и
  4. дефинирање на идните показатели на патот напред: создавање на праведна и одржлива глобализација.  

Според Глобалниот Пакт, Стратегиите за поддршка на заздравувањето од кризата во ЈИЕ, проект кој ги опфаќа Хрватска, Македонија и Србија, а се вклучени и Словенија и Чешка, како членки на ЕУ, се сочинети од: поддршка во спроведувањето на Глобалниот пакт за работни места во регионот на ЈИЕ, креирање политики во земјите со ограничување на јавните финансии и пазари на трудот што се особено ранливи на надворешните промени, обезбедување влезни информации за креирање на одржливи пакети, стратегии за заздравување што одговараат на конкретните потреби на земјата и креирање регионална база на знаења за ефективни анти кризни мерки.  
Целта на овој проект е да се создаде регионална база на податоци за ефективните анти кризни мерки и мерки за опоравување на пазарите на трудот на ЈИЕ, кои се изводливи како економско- социјални мерки во економите во регионот.

Проектот е предвиден да се одвива во три фази и ќе трае една година.

 

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011