Европско право, социјална димензија и приклучување во ЕУ

Од 4 до 8 јули во Берлин, Германија, Фондацијата Фридрих Еберт организираше и беше домаќин на студиска посета – едукативна програма за синдикални претставници под наслов „Европско право, социјална димензија и приклучување во ЕУ. Програмата беше наменета за членовите на техничката работна група за ЕУ интеграции формирана од Платформата за соработка Солидарност. Учесници во студиската програма беа синдикални претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора. Програмата се одржа во седиштето на Фондацијата Фридрих Еберт во Берлин, но вклучуваше исто така и посета на канцелариите на Германската конфедереција на синдикати ДГБ, Германскиот Бундестаг (вклучувајќи средба со членот на парламентот Јосип Јуратовиќ од Социјалдемократската партија на Германија - СДП), итн. Главните инструктори во текот на еднонеделната обука беа Проф. Др Матијас Јоп, Директор на институтот за европска политика во Берлин, и Проф. Др Зигфрид Магира од Германскиот Универзитет за административни науки. Главните теми опфатени со програмата беа примарното и секундарното законодавство на ЕУ, институциите на ЕУ, политиките на донесување одлуки, правилата и процедурите на прооцесот на ЕУ интеграции, социјалната димензија на легислативата на ЕУ, итн. Оваа обука беше извонредна можност учесниците да се запознаат со постапката на ЕУ интегрирање и нејзината социјална димензија, презентирана од страна на многу универзитетски експерти, практичари и синдикалисти.

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011