ОДРЖАНА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

На 1.09.2011 се одржа шестата Седница на Економско-социјалниот совет, но прва раководена од новиот Министер за труд и социјална политика Спиро Ристевски. Согласно Агендата, социјалните партнери најпрвин го разгледуваа предлог-текстот на Законот за европски работнички совети, за кој беше едногласно констатирано дека е потребно да се донесе што поскоро. Исто така беше договорено текстот да го разгледаат повторно социјалнте партнери во своите организации, и на следната седница да се дискутираат коментарите и забелешките.
Во однос на следната точка од агендата за утврдување на најниска плата во Р. Македонија, членовите на Економско-социјалниот совет се договорија за начинот на кој ќе се дојде до оптимално решение околу висината на најниската плата во РМ,и беше договорено веднаш да се формира работна група составена од социјалните партнери, која ќе биде задолжена да ги презентира првите согледувања за минималната плата и најдоцна за 30 дена да ги презентира истите.
Раско Мишкоски, Претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати изрази задоволство од договорот постигнат на седницата. „Не охрабрува што Владата остана доследна на барањата на синдикатите еднаш да се реши ова клучно прашање за социјалната положба на вработените,“ рече тој. „Решавањето на ова прашање е значајно не само за работниците, туку и за работодавачите, за унапредување на бизнис климата и воопшто за социјалната стабилност на државата,“ изјави Претседателот на ССМ Живко Митревски. „Имаме став дека минималната плата треба да претставува економска категорија што е во надлежност на социјалните партнери, а не социјална категорија што ќе претставува социјална грижа, бидејќи тоа е во надлежност на државата“, рече Димитар Стојановски, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија .

На состанокот исто беше дискутирано за потребата од измени и дополнувања на Закконот за работни односи кои би биле предложени на некоја од наредните седници на Економско-социјалниот совет.

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011