На Единаесеттата седница на Економско-социјалниот совет која се одржа на 14.02.2012 година, согласно Дневниот ред беа разгледувани прашања од повеќе области и тоа:
Информацијата за извршените инспекциски надзори во Агенциите за посредување при вработување од страна на Државниот трудов инспекторат, Информација за состојбите и проблемите во работата на прекршочните комисии од областа на работните односи во МТСП, Предлог-иницијативата за расправа за зголемување на поскапување на цените на грејните деривати, Предлог-иницијативата поднесена од КСС, ССМ и ОРМ за учество на репрезентативните организации на работници и работодавачи во управните одбори на фондовите за ПИО и во Фондот за здравствено осигурување, потоа Предлогот за измена и дополнување на Законот за образование на возрасните и Законот за стручно образование и обука, како и барањето за номинирање на членови во Управувачкиот комитет за спроведување на договорот за ,,Понатамошна модернизација на Агенцијата за вработување на РМ,, во рамките на ИПА компонента IV.
На Дневен ред дополнително беше ставена и разгледана Иницијативата за промена на работното време во органите на управата и правосудството, која беше прифатена од страна на членовите на ЕСС и беше донесен заклучок да се проследи на разгледување до Владата на РМ.
Заклучоците донесени на седницата на ЕСС:
- треба да се размиси за донесување на посебен Закон за агенции за посредување при вработување, со цел целосно да се опфати и да се регулира материјата во делот на посредувањето при вработување;
- беше расправано дека прекршочните комисии, претставниците на трудовиот инспекторат и претставниците на социјалните партнери треба да имаат почести работни средби во насока на размена на мислења и сугестии заради подобрување на правната регулатива во оваа област;
- во врска со иницијативата дека ЕСС треба да влијае врз формирањето на цената на грејните деривати констатирано е дека за тоа ингеренции има едниствено регулаторната комисија за енергетика, која е независно тело така што ЕСС согласно законската регулатива, нема основ да расправа по ова, единствено може да доставува сугестии и предлози до регулаторното тело;
- се задолжува претседавачот на ЕСС да ја проследи иницијативата за учество на социјалните партнери во управувачката структура на Фондот на ПИОМ и ФЗОМ и за измените на Законот за образование на возрасните и Законот за стручно образование и обука до Владата на РМ,
- се побара што поскоро да биде конституирана Комисијата за утврдување на репрезентативност односно што поскоро да бидат доставени номинации на членови во истата како и во Управувачкиот комитет за спроведување на договорот за ,,Понатамошна модернизација на Агенцијата за вработување на РМ,, во рамките на ИПА компонента IV,
- исто така и дека треба да се испрати заедничка писмена реакција од сите членови на ЕСС до Претседателот на Собраниската комисијата за труд и социјална политика дека е неприфатлива за ЕСС се почестата пракса да се повикуваат претставници на нерепрезентативни здруженија на работодавачи и работници да учествуваат во работата на комисијата. |