11 ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ЕПСУ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

На 6 и 7 септември во хотел Бисер, Струга, се одржа Единаесеттата енергетска тркалезна маса за Југоисточна Европа. Домаќини на настанот беа Самостојниот синдикат на енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ) и Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ). Организатор на настанот беше Европската федерација на синдикатите за јавни услуги (ЕПСУ) во партнерство со и Фондацијата “Фридрих Еберт“. Со собирот претседаваше г-дин Јан Вилем Гудријан, Заменик-генералниот секретар на ЕПСУ, а учествуваа синдикатите од Југоисточна Европа од областа на енергетиката и тоа од: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија. На семинарот исто така зема учество Јозеф Крејбич, претставникот на ЕПСУ задолжен за регионот.
Целта на тркалезната маса беше дискусија за енергетската ситуација во Југоисточна Европа и позицијата на Македонија, известување за резултатите на работната група за колективното договарање, социјалните планови за акција во земјите од регионот, состојбата со европскиот социјален дијалог од областа на гасот и електричната енергија, како и имплементирање на Меморандумот на разбирање. Претставниците на синдикатите од регионот ги координираа ставовите и заедничките пораки кои сакаат да ги пренесат на 4-от социјален Форум закажан за 4 октомври, Молдавија, каде ќе присуствуваат државни делегации од сите земји во регионот. Понатаму, синдикалните претставници дискутираа за активностите на Постојаниот комитет на EPSU и улогата на јавните комунални услуги, како и за понатамошните заеднички активности.

Во текот на двата дена свои презентации имаа и претставници од Министерството за економија и Министерството за труд на РМ како и претставник од Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. Поради својата актуелност и релевантност презентациите предизвикаа интересна дискусија во која учествуваа сите учесници на семинарот.

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011