ПЕТ ГОДИНИ КСС

На 28 декември 2010 КСС одбележа еден многу значаен јубилеј – 5 години од своето постоење, кој беше прославен во Хотелот Континентал со низа активности: Свечена седница, Новогодишен хуманитарен базар во организација на Секцијата на жени на КСС и свечен коктел. Многубројни гости беа дел од нашето одбележување, меѓу кои Заменик-министрот за труд и социјална политика г-дин Спиро Ристoвски, г-дин Раде Ненадиќ, претставник од ОРМ, Миле Бошков, Претседател на Бизнис Македонија, Претседателот на ССМ Живко Митревски, Раководителот на Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт, г-дин Ханс Бонгарц, Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, г-дин Нафи Сарачини и уште многу други гости, пријатели, соработници, синдикалисти и претставници на медиумите.
„Пред точно 5 години, во Универзалната Сала во Скопје, во присуство на повеќе од илјада делегати, гости, членови, со силна медиумска покриеност, се одржа Основачкиот Конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати. КСС се оформи како резултат на стремежот, да се формира реформиран и модерен синдикат, кој за прв пат во Македонија ќе биде вистинскиот репрезент на потребите на своите членови. Денес го одбележуваме пет-годишниот јубилеј и од оваа перспектива, може слободно да потврдиме дека имаме многу постигнато и мораме да бидеме многу горди поради тоа што воопшто не отстапивме од она што тогаш го ветивме пред членството“ рече Претседателот на КСС, Раско Мишкоски, во своето обраќање на свечената седница. По одлука на Централниот Одбор, Претседателот од името на КСС му врати Плакета на г-дин Дојчин Цветаноски, еден од основачите на КСС и поранешен претседател на СОНК, во знак на благорадност за неговата клучна улога и залагања за формирањето и дејствувањето на КСС.   Честитки по повод нашиот јубилеј стасаа и од Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и од Министерот за одбрана Зоран Коњановски.

СВЕЧЕНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КСС

На горниот линк е достапно обраќањето на Претседателот на КСС Раско Мишкоски во PDF формат

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011