РЕГИОНАЛНИОТ СИНДИКАЛЕН СОВЕТ „СОЛИДАРНОСТ“ ЈА УСВОИ ОСНОВАЧКАТА ПОВЕЛБА

Како што веќе најавивме, синдикатите од земјите-кандидати за влез во ЕУ (Србија, Македонија, Црна Гора, БиХ, Хрватска) и Словенија се договорија на формирање на Регионален синдикален Совет со цел поактивно вклучување во интегративните процеси на своите држави, под кооринативна поддршка на Регионалната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт во Белград. Минатата недела (31 март, 1 април) во Љубљана, претставници од сите вклучени синдикати го официјализираа основањето на Регионалниот синдикален совет наречен „Солидарност“ кој ќе дејствува во насока на решавање на низата проблеми и размена на позитивните практики за нивно решавање со цел подобрување на работните, материјалните и социјалните услови на работниците чии интереси ги застапуваат синдикалните централи. Меѓу другото експертите кои ќе работат во овој Совет ќе вршат размена на информации и искуства во процесот на прилагодување на стандардите на ЕУ, афирмација и следење на конвенциите на МОТ, промовирање на синдикалната соработка на ниво на претпријатија и мултинационални компании, поттикнување и стимулација на интегративните процеси во синдикалното движење, афирмација на синдикалното дејствување помеѓу младите, афирмација на политиката на еднакви можности, едукација на синдикалните претставници, итн.

Создавањето на Регионалниот совет го поздравија и Комесарот на проширување на Европската Комисија Штефан Филе и Комесарот за вработување на ЕК Лазло Андор. Во својот допис до Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) Комерарот Филе изразува интерес и понатаму да биде информиран за развојните активности на Советот со оглед на тоа дека „Социјалниот дијалог е суштинската состојка на социјалниот модел на ЕУ кој добринесуа за доброто владеење и социјалната кохезија во општествата, посебно во кризни времиња. Посебно е важно социјалните партнери во земјите-членки на ЕУ да земат учество во процесот на преговори и пристапување и да ги развијат своите капацитети за да играат активна улога во процесот,“ се вели во писмото на Комесарот Филе адресирано до Генералниот секратер на ЕТУЦ, Џон Монкс.

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
   

Copyright © КСС 2011