| ОДРЖАНИ ИЗБОРНО СОБРАНИЕ И ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР |

На 7 октомври во Струга беше одржано изборно собрание на Секцијата за млади, на кое беа избрани нов Претседател и Потпретседател на Секцијата. Тројца кандидати се бореа за местото претседател, кои пред делегатите ја презентираа својата биографија и програма за работа. Со тајно гласање за Претседател беше избран Саша Иванов, претседател на синдикалната организација на Фондот за здравство, членка на Синдикатот на администрација и државна управа. За потпрeтседател беше именувана Ана Петрова од синдикатот на ССЕРИ.
Изборното собрание се одржуваше на маргините на семинарот на Секцијата на млади на КСС (6-8 октомври) на тема „Вовед во Законот за работни односи и колективните договори“. Целта беше преку овој семинар младите синдикалисти да се запознаат со основите на ЗРО и колективните договори, нивната структура, примена, одредбите кои се однесуваат на синдикатите и нивните претставници, итн. Предавањата предизвикаа жива дискусија и многу прашања, а во последната сесија младите и симулираа колективно преговарање. Овој семинар беше исклучително интересен за младите синдикалисти кои и во иднина побараа уште семинари на слични теми. Реализацијата на семинарот беше во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје. |
| Регионален семинар наЈугоисточна Европа за млади синдикалци |
Регионалниот Семинар беше организиран од секција на млади на КСС и Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје , на семинарот учествуваа преставници од секција на млади од Македонија,Хрватска,Србија,Црна Гора и Албанија.
Целта на семинарот беше размена на искуства на младите синдикалци во нивните синдикати нивните позициии и активности.
На семинарот се отвори дискусија за лидерството и положбата на младите на тие позиции . Учесниците на семинарот истакнаа дека во нивните синдикални организации не доволно се вклучуваат младите во работењето и поставување на лидерски позиции, односно се посочи дека во одредени ситуации наидуваат на недоразбирање и препреки од постарите синдикалци , токму на таа проблематика треба да се работи, со што сите учесници се договорија да и понатаму се организират семинари од ваков вид , и беше предложено да се направи заеднички проект за поголемо учество на младите во работењето на Синдикатите следејќи ги примерите на младите синдикалци од ЕУ. |
| УЛОГАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА СИНДИКАТИТЕ - СЕМИНАР НА МЛАДИТЕ НА КСС |
ВТОР ЦИКЛУС ЕДУКАТИВНИ СЕМИНАРИ НА КСС |
Од 7-9 мај 2010 КСС организираше семинар на Секцијата на млади на тема „Улогата и значењето на членување на младите во синдикатот“. Целта на семинарот беше запознавање на младите синдикалисти со придобивките на членување во синдикатот, и нивно подобро информирање за синдикатот каде членуваат. Семинарот е подржан од Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје.
|
Во текот на месец октомври КСС го спроведува вториот циклус едукативни семинари за оваа година, организирани во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје. Од 8-10 октомври 2010 во Струга се одржа семинар наменет на Секцијата на млади на КСС на тема Тимска работа и лидерство. Целта на овој семинар беше да се запознаат младите синдикалисти повеќе..
|
| |
|
|