МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ И СОРАБОТКА
Конфедерацијата и здружените грански синдикати имаат интензивна меѓународна соработка со синдикатите од регионот и пошироко.
Гранските синдикати на КСС се членови на своите сродни меѓународни грански федерации како што се ЕИ (Интернационалата за образование), ИЦЕМ (Интернационалата на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија), ПСИ (Интернационалата на работницте од јавните служби), ИТФ/ЕТФ (Светската / европската транспортна федерација), ЕУРОМИЛ (Европската федерација на воените организации), итн.
КСС исто така учествува во низа локални, регионални и меѓународни активности преку нејзиното членување во ПЕРЦ (Пан-европскиот регионален совет), кој функционира во рамките на ИТУЦ (Меѓународната конфедерација на синдикати). КСС активно соработува со други национални синдикални организации во земјите на Европската унија и во регионот на ЈИЕ. Нашите грански синдикати, како членки на своите грански федерации исто така учествуваат во различни проекти и активности, во нивната сфера на интерес.
Со МОТ (Меѓународната организација на трудот) работиме на низа активности и проекти, најмногу преку локалната канцеларија за Централна и источна Европа со седиште во Будимпешта, но и за активности кои се координирани преку централата на МОТ во Женева. Во моментов КСС е вклучена во проектот на МОТ за јакнење на националниот социјален дијалог и преговарање на гранско ниво (индустриско ниво), кој се спроведува во сите земји од регионот на западен Балкан и Молдавија. 
КСС има доставено барање за прием во ИТУЦ за полноправна членка, и е во очекување на позитивен одговор на следниот состанок на Генералниот совет, кој ќе се одржи наесен. КСС исто така има доставено барање за прием и во Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ), кое функционира како независно тело. Процесот на прием оди паралелно со интеграцијата на земјатата во Европската Унија.
ЗАКЛУЧОЦИ НА СИНДИКАЛНИОТ ФОРУМ НА ЈИЕ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА СВЕТСКАТА КРИЗА ВО РЕГИОНОТ
Синдикалниот форум на ЈИЕ одржа вонреден состанок на 27 февруари 2009 во Подгорица, Црна Гора на која присуствуваа околу 20 синдикали лидери и експерти од регионот на југоисточна Европа, претставници на Пан-европскиот регионалан совет (ПЕРЦ) регионалната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт во Белград, и Вицепремиерот на Владата на Црна Гора, на кој се дискутираше влијанието на глобалната економска криза во регионот на ЈИЕ и поширокиот контекст, како и синдикалниот одговор на кризата во земјите од ЈИЕ.
На овој состанок, членовите на Форумот ги донесоа следните препораки и заклучоци:1. Вистинскиот трипартитен и бипартитен социјален дијалог во земјите од ЈИЕ мора да се зајакне, со тоа што секоја страна аргументирано ќе дискутира по прашањата од заеднички интерес, со взаемен респект и со цел градење на консензус. Финансиската и економската криза дава можност засегнатите страни да станат посензибилни за вистински социјален дијалог.2. Синдикалните организации во регионот на ЈИЕ треба целосно да се инволвирани во надзорот и контролата на мерките преземени од страна на владите во онос на последиците од економската криза. 3. Потребно е владините политики и мерки во регионот да вклучуваат политики на вработување кои би го одржале трендот на вработување преку создавање на нови и подобри работни места.4. Синдикатите ќе посветат посебно внимание на развојот на банкарскиот сектор во регионот. 5. Организациите-членки на Формот на ЈИЕ ќе инсистираат на намалување на профитите на компаниите и платите на менаџерите на компаниите со тоа што ќе бараат тие средства да се инвестираат во преквалификациија на работниците.6. Членовите на Форумот на ЈИЕ бараат подобри и редовни контакти и консултации со ММФ, ЕБРД и Светската Банка во земјите од регионот по прашања поврзани со реформа на системите на социјално осигурување, на пример реформите на пензискиот систем иницирани од Светската Банка, што резултираше со фактот дека денес повеќе пензионери живеат во сиромаштија отколку пред споменатите реформи. ИТУЦ и ПЕРЦ ќе бидат информирани за недостигот на консултации помеѓу меѓународните финансиски инстититуции и синдикатите. Од ИТУЦ и ПЕРЦ се бара да дадат политичка поддршка и експертиза по ова прашање. 7. Треба да продолжат процесите на интеграција во ЕУ на земјите од западниот Балкан и улогата на Советот за регионална соработка (РСС) со цел унапредување на регионалната соработка како и различните иницијативи во регионот. Форумот на ЈИЕ бара од Советот за регионална соработка да помогне во организирањето на заеднички состаноци со Центарот на работодавци од јадранскиот регион (AREC) во 2009 за социјален дијалог. 8. Синдикалниот форум на земјите од ЈИЕ се договори да го организира следниот редовен состанок за 7-8 Април 2009, во Загреб, Хрватска. Генералниот секретар на ПЕРЦ, братот Џон Монкс и Претседателот на ПЕРЦ, братот Михаил Шмаков исто така ќе бидат поканети на состанокот, како и Професорот Владимир Глигоров, економист од виенскиот Институт за меѓународни економски студии.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ПЕТТИОТ СОСТАНОК НА ФОРУМОТ НА СИНДИКАТИ ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Извадок:
  1. Потребно е да се зајакне бипартитнот и трипартитниот социјален дијалог во земјите на ЈИЕ. Потребно е да се одбрани слободата на колективното преговарање, и синдикатите мораат да бидат вклучени кога се работи за претструктурирање на претпријатијата, индустриските гранки или сектори. Финансиската и економската криза дава можност засегнатите страни да станат посензибилни за вистински социјален дијалог помеѓу работодавците и синдикатите, кој треба дополнително да се продлабочи. Од националните влади и меѓународните институции, како што се МОТ и Европската комисија, се бара давање на поддршка на развојот на капацитетите на синдикатите.
  2. Форумот на синдикатите на ЈИЕ бара од Регионалнкиот совет за соработка да иницира состанок помеѓу Форумот на синдикатите на ЈИЕ и Центарот на работодавачи на Јадранскиот регион посветен на равој на социјалниот дијалог во регионот на ЈИЕ и на ЕУ интеграциите. По регионалниот состанок, овие две иницијативи треба да бидат проследени со состаноци на работодавачите и синдикатите на национално ниво, со присуство на именуваните национални координатори на Регионалниот совет за соработка (РСС).
  3. Форумот на синдикатите на ЈИЕ бара од Регионалниот совет за соработка да посвети специјално внимание на социјалниот развој во регионот во контекст на економската криза и процесите на интеграција на Западниот балкан и на ЕУ, кој мора да се продолжи. Со оглед на ова, улогата на РСС треба да зајакне, преку поддршка на регионалната соработка, и соработката на различните иницијативи кои дејствуваат во регионот. Форумот на синдикатите на ЈИЕ ги цени контактите и размената на информации со РСС. Сепак, контактите на националните координатори на РСС со организациите-членки на Форумот на синдикатот на ЈИЕ на национално ниво сеуште не е воспоставен во сите земји на регионот и тоа треба да се промени, со оглед на тоа дека владите се обврзаа дека ќе работат на сите приоритети на РСС, вклучително и работата на економскиот и социјалниот развој, во што социјалните партнери играат важна улога.
  4. Форумот на синдикатите на ЈИЕ бара од ЕУ и релевантните институции да помогнат во земјите на ЈИЕ да се пребродат последиците на финансиската криза преку давање финансиска помош за создавање на фондови за социјални инвестиции или работнички фондови кои би се користеле за помош на работниците кои остануваат без работа и кои мораат да бидат одговорност на сите фактори во општеството.
  5. Форумот на синдикатите во ЈИЕ препорачува продолжување на имплементацијата на националните акциони планови во соработка со останатите институции на пазарот на трудот, здруженијата на работодавци, невладините организации и владите. Потребно е да се стави посебен акцент на синдикалното органзирање во секторите кои се мета на најсилните удари на непријавената работа, како што е градежната индустрија, трговијата, земјоделието, текстилната индустрија, но и на најдобрата пракса на организирањето на мигранстските работници. Овие прашања ќе бидат тема на разговор на претстојната субрегионална конференција закажана за Јуни 2009 во Црна Гора.
  6. Форумот на синдикатите на ЈИЕ изразува задоволство со успесите на Мрежата на правните експерти на ЈИЕ, и ја разбира потребата за продолжување на редовната работа на Мрежата поврзан со ускладување на националното законодавство со стандардите на ЕУ, заедно со експертите на ЕТУИ и ЕКС, и бара од ПЕРЦ продолжување на поддршката на работата на Мрежата на ЈИЕ и воспоставување и унапредување на националните мрежи преку јакнење на капацитетите на членките на Форумот на синдикатите на ЈИЕ.
  7. Форумот на синдикатите на ЈИЕ ја нагласува важноста на Евалуацијата на програмите на синдикална едукација која ја спроведоа МОТ и ПЕРЦ, која ќе продолжи и во 2009. Според планот на ПЕРЦ се предвидува организирање на субрегионални работилници на тема информирање и едукација, каде ќе се разменат искуства околу изработувањето на едукативна стратегија на синдикатите и политиките на основа на заедничката работа на сите структури на синдикалната едукација.
  8. Загреб, април 2009
 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
     
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации
  Меѓународна федерација на транспортните работници

 

   
     
     
   

 

 

 

     
   

 

 

 

 

   
   
   
 
   

Copyright © КСС 2011