| ЖЕНСКАТА СЕКЦИЈА ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛЕН СЕМИНАР |
Секцијата на жени на КСС беше домаќин на Регионален семинар на секциите на жени од синдикатите-членки на Регионалниот синдикален совет "Солидарност" кој се одржа од 6 до 8 октомври 2011. Темата на семинарот беше "Јакнење на жените синдикалистки за лидерски позиции" а целта беше меѓусебно запознавање на членките на Секциите на жени од регионот и можност заеднички да проговорат на оваа интересна тема под раководство на експерти во областа на родовата еднаквост. На семинарот зедоа учество на синдикалистки од БиХ, Србија и Црна Гора. Реализацијата на семинарот е во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје. |
| |
| ЕДУКАЦИЈА НА СИНДИКАЛНОТО ЧЛЕНСТВО - СЕМИНАР ЗА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА КСС |
РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ - СЕМИНАР ЗА ЖЕНИ СИНДИКАЛИСТКИ |
На 23, 24 и 25 јуни во Охрид, Хотел Десарет се одржа семинар на Секцијата на жени на КСС на тема: Поголем родов баланс во синдикатот и внесување на родовите прашања во Колективното преговарање во организација на КСС со партнерство на Фондацијата Фридрих Еберт.
Во текот на првиот ден на семинарот, предавачи беа Елена Грозданова и Јована Тренчевска од МТСП, со презентации на теми поврзани со законската ргулатива од областа на родовата рамноправност и еднаквите можности, како и за родовиот јаз во платите. Вториот ден беше посветен на колетивното преговарање и еднаквоста помеѓу половите, каде предавач беше Мирјанка Алексевска од МТСП. Преку низа на интерактивни вежби, работилници и дискусии учесничките ги дискутира прашањата на родовата (не)еднаквост во Р. Македонија и начините како со подобра подготвеност за колективното преговарање да се вклучи и родовата димензија за подобро застапување на жените работнички.
На семинарот презентација одржа и Емил Крстановски, Национален Координатор на МОТ за Македонија, кој пред учесниците ги претстави Документите и пристапот на МОТ кон прашањето на родовата рамноправност.
|
На 17, 18 и 19 02. 2011 год. во Штип, Хотел "Ваго" се одржа семинар на Секцијата на жени на КСС на тема "Решавање на конфликти". Овој семинар е еден од низата семинари кои се одржуваат во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт.На семинарот учествуваа 25 учеснички од повеќегрански синдикати на КСС. Предавач на семинарот првиот ден беше Лилјана Ѓорѓиоска, Советник во Бирото за развој на образование на РМ, на тема: "Поим и извори на конфликти".
Вториот ден, предавач беше Г. Букревска, на тема: "Решавање на конфликти во синдикалните организации". Двата дена работата се одвиваше преку работилници на дадените теми, во кои учесничките имаа можност веднаш да ги имплементираат стекнатите знаења. Семинарот помина во работна атмосфера и меѓусебно дружење, и заклучок беше дека ваквите семинари се од голема помош на учесничките во нивната синдикална практика.
|
| ПЕТ ГОДИНИ КСС |
Секцијата на жени на КСС одржа семинар во Пробиштип |
На 28 декември 2010 КСС одбележа еден многу значаен јубилеј – 5 години од своето постоење, кој беше прославен во Хотелот Континентал со низа активности: Свечена седница, Новогодишен хуманитарен базар во организација на Секцијата на жени на КСС и свечен коктел. Хуманитарниот базар на кој за продажба беа домашно направени производи на нашите членки, храна, накит, облека идр, ја надополни свеченоста и предизвика огромен интерес. КСС е горда што со скромниот приход остварен со продажба на овие производи ќе донесе предновогодишна радост за штитениците на СОС Детското село и Домот за стари лица - 13 Ноември.
|
Oд 28 до 30 октомври 2010 во Пробиштип Секцијата на жени на КСС одржа семинар за своите членки. Целта на овој семинар беше дискутирање за актуелните теми поврзани со дискриминацијата и мобингот на работното место, како и за ефикасната комуникација во синдикалната работа како предуслов за остварување на синдикалните цели. Семинарот се реализира во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје. На семинарот беа присутни околу 30 жени, претежно од источниот дел на Македонија, од повеќето грански синдикати на КСС. Предавачи на првиот дел на семинарот беа членки на НВО “Центар за перма култура„ од Штип, кои се осврнаа на темите за мобинг и дискриминацијата, правната легислатива, итн. Вториот ден од семинарот Предавач беше Претседателот на Секцијата на жени на КСС Гордана Букревска. На овој семинар се третираа теми многу важни за успехот на синдикалното движење и работење на сите нивоа. Семинарот се состоеше од теоретски и практичен дел, каде учесничките имаа можност презентираното веднаш да го симулираат преку работилници
|
| ХУМАНИТАРЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ |
РАБОТИЛНИЦА НА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА КСС НА ТЕМА „ЗАШТИТА НА ДОСТОИНСТВОТО НА ЖЕНАТА НА РАБОТНОТО МЕСТО„ |
Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија организира Велидгенски хуманитарен хепенинг под наслов „Од срце - јајце - со љубов од жените на КСС“. Настанот се одржа на 21.04.2011 во просториите на КСС. На хепенингот учествуваа активистки од Секциите на жени од сите грански синдикати во КСС, чиишто вредни раце подготвија најразновидни Велигденски аранжмани кои потоа беа донирани во СОС Детското село и Геронтолокиот Завод „13 ноември - Скопје“. На хепенингот, на кој присуствуваа и претставници на медиумите, се изврши и избор на најубав аранжман, а сите жени учеснички добија и Благодарници за нивниот ангажман во оваа активност.
|
На 28 декември 2010 КСС одбележа еден многу значаен јубилеј – 5 години од своето постоење, кој беше прославен во Хотелот Континентал со низа активности: Свечена седница, Новогодишен хуманитарен базар во организација на Секцијата на жени на КСС и свечен коктел. Хуманитарниот базар на кој за продажба беа домашно направени производи на нашите членки, храна, накит, облека идр, ја надополни свеченоста и предизвика огромен интерес. КСС е горда што со скромниот приход остварен со продажба на овие производи ќе донесе предновогодишна радост за штитениците на СОС Детското село и Домот за стари лица - 13 Ноември.
|
|
| |
|
| |
| |
| |
| |
| |
| |
| |
| |
|
| |
| |
|
| |
|
| |
линкови |
| |
 |
|
| |
 |
|
| |
 |
| |
 |
|
| |
 |
| |
 |
| |
 |
|
| |
 |
|
|
|
|
|
Copyright © КСС 2011 |
|