ОБУКА ЗА БЗР ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

На 28 и 29. 10. 2011 во рамките на одбележувањето на Европската недела на безбедноста и здравје на работа а под покровителство на фондацијата Фридрих Еберт во Охрид се одржа едукативен семинар за работничките претставници за Безбедност и здравје при работа. Настанот го отвори Претседателот на КСС Раско Мишковски потенцирајки дека унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа е една од областите со најголем приоритет за КСС поради што го изрази своето задоволство што со организирањето на оваа активност КСС е дел од Европскиот напор за создавање на подобри работни услови за работниците. Работниот дел на семинарот започна со презентацијата на г- ѓата Наташа Пилатова од Македонското здружение за заштита при работа која најнапред ги запозна учесниците на семинарот со националните и меѓународните институции чија што дејност е унапредувањето на БЗР при што од меѓународните беше особено потенцирано постоењето и работата на Европската агенција за здравје и безбедност на работа од каде потекнува иницијативата за Европската недела на безбедност и здравје при работа. Понатаму презентацијата продолжи со запознавање на присутните со најновите регулативи и стандарди од областа на БЗР и состојбата со примена на истите во Р. Македонија. Во попладневната сесија претставничката од Државниот инспекторат за труд г – ѓа Благица Трајческа ја претстави работата и активностите кои инспекторатот за труд ги презема во насока на: сузбивањето на сивата економија, борбата против нелојалната конкуренција и заштитата на правата на работниците. Во продолжението следеше дебата во која г- ѓа Трајческа ја претстави законската рамка преку која делува инспекторатот. На вториот ден од семинарот учесниците се запознаа со процедурите за извршување на проценка на ризикот во согласност со законот за БЗР и можностите за учество на работничките претставници при утврдувањето на истите. Како последна активност се одржа вежба на синдикалните претстваници за развивање на вештините за преговарање со социјалните партнери од областа на БЗР.

 

 
 
 
     
  Зошто и како да се биде член на КСС
     
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 
   
   
  линкови
  Економско социјален совет на РМ
Меѓународна конфедерација на синдикатите
  Европска конфедерација на синдикати
  Меѓународна организација на трудот
  Интернационала за образование
  Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија
  Интернационала на работниците од јавните служби
  Европска федерација на воените организации

 

 

Меѓународна федерација на транспортните работници
  Copyright © КСС 2011