01.10.2011: На денешната седница на Економско-социјалниот совет, споцијалните партнери постигнаа договор нето износот на минималната плата во Република Македонија да се утврди на 8.050 МКД, а бруто износот на 12.265 МКД, што претставува 39,59% од просечната плата во РМ. Овој процент ќе биде внесен во Законот за утврдување за минимална плата, што значи дека со секоја корекција на износот на просечната плата ќе се менува и минималната. повеќе...
Од 4 до 8 јули во Берлин, Германија, Фондацијата Фридрих Еберт организираше и беше домаќин на студиска посета – едукативна програма за синдикални претставници под наслов „Европско право, социјална димензија и приклучување во ЕУ. Програмата беше наменета за членовите на техничката работна група за ЕУ интеграции формирана од Платформата за соработка Солидарност. Учесници во студиската програма беа синдикални претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора. Програмата се одржа во седиштето на Фондацијата Фридрих Еберт во Берлин, повеќе...
Неполна недела по конститутирањето на новата Влада, на 01.08.2011 синдикатите ја остварија првата средба со новиот Министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој во претходниот владин состав беше на функција заменик министер за труд и социјална политика. На состанокот на кој беа присутни раководствата на сите национални синдикати се потврдија приотитетните задачи и активности за наредниот период. повеќе...
Како што веќе најавивме, синдикатите од земјите-кандидати за влез во ЕУ (Србија, Македонија, Црна Гора, БиХ, Хрватска) и Словенија се договорија на формирање на Регионален синдикален Совет со цел поактивно вклучување во интегративните процеси на своите држави, под кооринативна поддршка на Регионалната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт во Белград. повеќе...
По иницијатива на синдикатите за утврдување на минималната плата, лидерите на синдикалните организации во РМ вчера остварија средба со Премиерот на РМ Никола Груевски на која се дискутираше по оваа тема.
Сите синдикати сме подготвени да разговараме со цел да се утврди минималната плата и во нашата држава", рече Раско Мишкоски, претседател на КСС, додадавјќи дека уште во 2006 година КСС излезе со барање да се утврди минималната плата. Сега со иницијативата што ја поведовме да се утврди минималната плата, ние сме заинтересирани да се зголемуваат и платите во јавниот сектор." Ќе мора да се направи сериозна проценка околу висината на минималната плата, без лицитирање, затоа што мислам дека тоа може да има сериозни последици по вработените во Република Македонија и по економијата", изјави Дојчин Цветановски, почесен претседател на КСС кој исто така присуствуваше на средбата.
Синдикалните лидери ветија заедничка работа со идната влада со цел утврдување на минимална плата на прифатливо ниво со цел поголема материјална сигурност на работниците во РМ. Премиерот на РМ потврди дека "Процесот на утврдување на висината на оваа плата ќе се спроведе преку институционално преговарање во рамки на социјалниот дијалог помеѓу партнерите: влада, работодавачи, синдикати", рече Премиерот Груевски додавајќи дека е прерано да се излезе со конкретни пресметки околу износот на минималната плата бидејќи тоа бара подлабока анализа, истражување и преговори меѓу трите социјални партнери.
Во рамките на соработката со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, на 25 и 26 март во Охрид се одржаа два едукативни семионари за членовите на КСС. Првиот беше наменет за новоизбрани синдикални лидери во синдикатите на ССКО (Синдикат на Станбено-комуналните и деловните организации на РМ) и САДУ (Синдикат на вработените во администрацијата и државната управа на РМ). Темата беше Развивање на вештините и лидерските способности во синдикатот, а целна група беа околу 30 лидери на синдикалните организации. Преку низа групни и индивидуални работни вежби, синдикалните лидери ги проучуваа техниките и вештините на лидерство кои треба да ги поседуваат со цел поефикасна работа на синдикалната организација, особините на личноста на лидерот, моделот на личноста на лидерот од пет димензии, моделот на синдикален лидер, емоционално интелигентното лидерство, стиловите на комуницирање, итн. На крајот на обуката учесниците беа вклучени во симулацци на вежби на синдикални преговори. Предавач на семинарот беше проф Константин Петковски од универзитетот Св. Климент Охридски. Во исто време, Синдикатот на Енергетика, рударство и индустрија организираше обука на тема „Законската регулатива и мерките за безбедност и здравје при работа во енергетските постројки, со практични искуства од Државниот инспекторат за труд.“ Предавачи на првиот ден од семинарот беа претставници на Македонското здружение за заштита при работа, кои се осврнаа на Законот за БЗР и улогата на претставнниците за БЗР во претпријатијата, како и претставник од ДИТ кој се осврна на Практиките, насоките и искуствата од ДИТ во оваа насока. Вториот ден на семинарот беше посветен на конкретна дискусија по опасностите и мерките за БЗР во електричните постројки низ предавањето на проф. Славе Арменски од Машинскиот Факултет во Скопје. На семинарот заедоа учество околу 30 претставници за БЗР и синдикални претставници од синдикалните органзации-членки на ССЕРИ.
Mеѓународната организација на трудот затпочнува нов регионален проект "Стратегии за поддршка на заздравувањето од кризата во Југоисточна Европа". Овој проект ја вклучува и Македонија и на 26.01.2011 год. во Скопје се започна со серија состаноци со социјалните партнери, со цел да ги презентира деталите од истиот. Проектот има за цел да го имплементира ,,Глобалниот пакт за работни места за ЈИЕ'', кој е усвоен од страна на Меѓународната конференција на трудот во 2009. Глобалниот пакт е сочинет од практични политики за трипартитниот систем (владите, работниците и работодавачите), чијашто цел е стимулирање на економското заздравување и генерирање на нови работни места, со цел подобра заштита за работниците и нивите семејства. Сочинет е од четири дела:повеќе...
На 11 и 12 мај во Охрид се одржа семинарот "Придонес на синдикатите во реформите во пензискиот систем", проект кој трае веќе две години и во кој се вклучени правните експерти од делот на пензиските реформи од синдикатите од Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина и Македонија. Семинарот беше во организација на Регионалната канцеларија на ИТУЦ, Пан-европскиот синдикален совет во Сараево а проектот е со финансиска поддршка на Синдикатот LO-Норвешка и Владата на Норвешка.
Проектот, чија цел беше посеофпатна анализа на состојбата со пензиските реформи во земјите вклучени во проектот веќе е во својата завршна фаза, кога експертите од сите земји веќе ги имаат изготвено своите национални извештаи. Овој семинар во Охрид имаше за цел да се затворат сите недоречености и отворени прашања околу содржината на тие извештаи, нивно усогласување со евентуални новини како резултат на законски измени, како и дискусија за клучните проблеми или подобрувања. Истовремено, сите синдикати присутни на семинарот имаа можност да проговорат за прашањата за финансиската одржливост на пензискиот систем, проблемите во земјите со редовноста на уплаќање на придонеси во фондот, учеството на синдикатите во работата на пензискиот систем, позицијата на синдикатите во реформирањето на системите, итн.
Во текот на овој двегодишен проект се одржани повеќе тркалезни маси и конференции во сите земји - учеснички, а како заокружување на овој проект ќе се изготви публикација каде ќе бидат содржани сите извештаи од земјите, со коментари по истите од страна на менторот на овој проект, Мартин Хутсебаут, надворешен експерт, поранешен синдикалист. Покрај синдикатите, на семинарот во Охрид предавачи беа Сири Релинг, советник за меѓународна соработка и Ејстајн Гјелсвик од LO Норвешка, како и Ениса Салимовиќ од ИТУЦ – ПЕРЦ.
Од страната на домаќините учество зедоа претставници на КСС и ССМ предводени од Претседателите на двете синдикални организации: Раско Мишоски и Живко Митревски. На состанокот се проговори за тркалезната маса, одржана во склоп на овој проект, на која се презентираше Иницијативата за воведување повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, потпишана на 1 февруари 2011 година, од страна на претседателите на ССМ и КСС. Содржината на оваа Иницијатива ќе биде исто така вклучена во завршната публикација од овој проект.
Женева (МОТ вести) – Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја отвора својата 100- та историска Меѓународна конференција на трудот во Женева на 1 - ви Јуни со повик за нова ера на социјална правда сред високиот степен на глобална невработеност и вработување несоодветно во однос на квалификациите и желбите за работа, како и јавната загриженост за состојбата со вработување по скорешната глобална финасиска криза. На 100- тата сесија од 1-17 јуни ќе се дебатира за сегашните и идните предизвици во работните односи вклучувајќи ги: рекордно високата стапка на невработеност;повеќе...
На 4 мај Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економско социјалниот совет беа домаќини на Конференција на тема Родова еднаквост во работните односи. Учесници од КСС беа членовите и замениците во Економско социјалниот совет како и Претседателката на секцијата на жени на КСС. Целта на Конференцијата беше да се продискутираат можности и начини како во сегашната криза да се крерираат нови политки во однос на родовата еднаквост. На Конференцијата, на која учество зеде и Министерот за труд и социјална политика, Г-дин Џељал Бајрами, презентери беа домашни и меѓународни експерти кои зборуваа по низа важни теми како што се: Принципите на МОТ за еднакво плаќање и дискриминација, Европската домензија на Глобалниот извештај на МОТ за плати 2010/2011 идр. Од страна на домашните експерти беа презентирани Националната студија „Родов јаз во заработувањето“ и Националната студија за политика на плати.
28.03.2011
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Сојузот на синдикати на Македонија станаа придружни членки на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), која е најголемата светска синдикална органзација, која обединува 301 здружени синдикални организации во 151 земја членка со вкупно членство од 176 милиони членови.
Женева, (МОТ вести) – На 16ти јуни, во рамките на 100 - тата Конференција на Меѓународната организација на трудот (МОТ), владини делегати заедно со делегати на работниците и работодавачите усвоија историски збир меѓународни стандарди кои целат кон подобрување на работните услови на десетици милиони домашни работници низ светот. „За прв пат го внесуваме системот стандарди на МОТ во неформалната економија и ова е чекор од огромно значење,“ рече Хуан Сомавиа, генералниот директор на МОТ.
Денес, 22.02.2011 лидерите на КСС, ССМ и УНАСМ - Раско Мишкоски, Живко Митревски и Слободан Антовски го потпишаа Меморандумот за соработка, документ кој означува ново поглавје во синдикалната активност и партнрство. Со Меморандумот се предвидува заеднички настап во сферите од заеднички интерес, во насока на подобрување на економско-социјалната и работно-правната положба на начите членови: подобрување на социјалниот дијалог, соработка за стратешките синдикални цели, борба против сите видови на притисоци, воздржување од непринципиелно преземање на синдикалното членство, заеднички настап и колективно преговарање, заедничко дејствување во соработката со меѓународните институции и активно учество во имплементацијата на европските директиви во македонското законодавство.
Претседателот на КСС Раско Мишковски поздравувајќи го денешниот чин, потсети дека до пред една година беше незамисливо сите три синдикати да седнат на заедничка маса.„Денешниот настан не значи дека само сме ставиле потпис декларативно. Јас лично ќе се залагам, не само да се применува ова што е содржано во меморандумот, туку многу пошироко да делуваме во интерес на нашето членство, а ќе се залагаме и за формирање на синдикати во оние компании каде што нема синдикални организации“, рече Мишковски.
„Ова е историски чин и е одговор на предизвиците кои ги донесе глобализацијата на капиталот и одговор на светската финансиска економска криза“, рече претседателот на ССМ, Живко Митревски. Претседателот на УНАСМ Слободан Антовски изрази надеж дека на овој начин ќе се врати довербата на работниците во синдикатите. „Се надевам дека нема да биде декларативен потписот. Се надевам дека изгубената доверба на работниците, која ја имаме во овој момент во Македонија, ќе ја повратиме со заеднички напори“, рече Антовски.
Овој важен чин го поздравија и Претставникот на ИТУЦ – Ениса Салимовиќ и Петар Михалчик, синдикален експерт ангажиран од МОТ, кои изразија задоволство и искрена надеж за учте поефикасен и обединет синдикален настап во насока на подобра заштита на достоинството на трудот и јакнење на позицијата на синдикатот како социјален партнер во РМ.
По иницијатива на ЕКС лидерите на синдикатите од земјите-кандидати за влез во ЕУ (Србија, Македонија, Црна Гора, БиХ) во Белград се договорија на формирање на Регионален синдикален комитет со цел поактивно вклучување во интегративните процеси на своите држави. Беше договорено синдикатите да вклучат свои експерти кои ќе работат на директивите од ЕУ, пред се од економско-социјалната сфера, со што синдикатите во регионот ќе бидат во релација и поефикасно меѓусебно ќе се информираат и координираат за поефикасно имплеменирање и хармонизирање на домашното законодавство со она на ЕУ. Основањето и работата на Регионалниот синдикален комитет е поддржана од Регионалната канцеларија на Фондацијата Фридрих во Белград. Следи заедничкото соопштение на синдикалните лидери од основачкиот состанок:
Во организација на ССМ и КСС на 01.02.2011 се одржа Тркалезна маса на тема „Пензискиот систем во РМ и воведување на повеќе услови за пензионирање“. Истата се одржа во рамките на Проектот за ЈИЕ за реформите во пензискиот систем поддржан од ИТУЦ/ПЕРК и Владата на Кралството Норвешка и ЛО Норвешка.
Целта беше презентирање на Иницијативата за воведување во Македонија на повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиски и инвалидско осигурување, иницијатива која веќе поголго време е на агендата на синдикатот. На тркалезната маса учествуваа претставници на социјалните партнери - Министерството за труд и социјална политика претставено од Министерот Џелал Бајрами и Организацијата на работодавци на Македонија. Понатаму, на трибината земаа учество и останатите засегнати организации и институции: Фондот за ПИОМ, Министерството за финансии, УЈП, Светската банка и ММФ, MOT, претставници од приватните пензиски фондови, итн. повеќе...
На четвртата седница на Економско - социјалниот совет со која претседаваше Претседателот на ЕСС и Министер за труд и социјална политика, г-дин Џелал Бајрами, членовите на Советот разгледаа повеќе прашања од економска и социјална сфера.
Согласно Агендата, ЕСС ги разгледуваше: Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2011 година, Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлозите за измена на Законот за работните односи доставена од Организацијата на работодавачите на Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерација на слободни синдикати и Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Предлог на Законот за изменување и дополување на Законот за трговија, Aкциониот план за намалување на сивата економија за 2011 година, Информацијата за реализација на акциониот план за намалување на сивата економија за 2010 година и Информацијата за привремена спреченост за работа – боледување.
Истовремено членовите на Советот дадоа свои мислења и сугестии за заклучоците на Работната група за работни односи и вработување на ЕСС. Покрај тоа, членовите на Советот разменија мислења и по други актуелни прашања поврзани со регулативата од областа на трудот, колективните договори и нивната примена.
На 28 март се одржа петтата седница на Економско-социјалниот совет на РМ, со која Претседаваше Министерот за труд Џељал Бајрами. На истата беа разгледувани следните точки од Дневниот ред: Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за работни односи како и информацијата за учество на делегација на РМ на 100-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева во јуни 2011.
Претседателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ги информираше членовите на Советот, дека целта на измените е постапување и усогласување со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија, конкретизирање и допрецизирање на одделни одредби од законот, согласно предлозите и заклучоците на Економско- социјалниот совет и промени во делот на прекршочните одредби, заради воедначен пристап во примена на истите од страна на прекршочните комисии и судовите.
Претседателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, истакна дека во измените на законот е предвидено, по исклучок, работниот однос заснован со договор за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на рокот од пет години ако работникот работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот, под услови и на начин утврдени со закон.
Во рамките на соработката со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, на 25 и 26 март во Охрид се одржаа два едукативни семионари за членовите на КСС. Првиот беше наменет за новоизбрани синдикални лидери во синдикатите на ССКО (Синдикат на Станбено-комуналните и деловните организации на РМ) и САДУ (Синдикат на вработените во администрацијата и државната управа на РМ). Темата беше Развивање на вештините и лидерските способности во синдикатот, а целна група беа околу 30 лидери на синдикалните организации. Преку низа групни и индивидуални работни вежби, синдикалните лидери ги проучуваа техниките и вештините на лидерство кои треба да ги поседуваат со цел поефикасна работа на синдикалната организација, особините на личноста на лидерот, моделот на личноста на лидерот од пет димензии, моделот на синдикален лидер, емоционално интелигентното лидерство, стиловите на комуницирање, итн. На крајот на обуката учесниците беа вклучени во симулацци на вежби на синдикални преговори. Предавач на семинарот беше проф Константин Петковски од универзитетот Св. Климент Охридски. Во исто време, Синдикатот на Енергетика, рударство и индустрија организираше обука на тема "Законската регулатива и мерките за безбедност и здравје при работа во енергетските постројки, со практични искуства од Државниот инспекторат за труд." Предавачи на првиот ден од семинарот беа претставници на Македонското здружение за заштита при работа, кои се осврнаа на Законот за БЗР и улогата на претставнниците за БЗР во претпријатијата, како и претставник од ДИТ кој се осврна на Практиките, насоките и искуствата од ДИТ во оваа насока. Вториот ден на семинарот беше посветен на конкретна дискусија по опасностите и мерките за БЗР во електричните постројки низ предавањето на проф. Славе Арменски од Машинскиот Факултет во Скопје. На семинарот заедоа учество околу 30 претставници за БЗР и синдикални претставници од синдикалните органзации-членки на ССЕРИ.
Со повратен позитивен одговор од КСС стапи на сила статусот придружна членка на КСС во Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ). Оваа одлука за зачленување на КСС е донесена на последниот состанок на Генералниот совет на ИТУЦ. Со ова КСС се стекнува со истите права и обврски како полноправните членови со исклучок на правото на глас и обврската за плаќање членарина. КСС се стекнува со правото да биде дел од сите активности и информирање на ИТУЦ задржувајќи ја притоа целосната автономија на национално ниво. ОРИГИНАЛНОТО ПИСМО ОД ITUC
Шестчлена трипартитна делегација од Економско-социјалниот совет се наоѓа на студиска посета на нивните Холандски колеги, Социјално-економскиот совет на Холандија (СЕР) од 1 до 4 март. Делегацијата е сочинета од по двајца претставници од секој социјален партнер застапен во ЕСС и двајца претставници од Министерството за труд и социјална политика од кои еден е Министерот за труд и социјална политика Г-дин. Џелал Бајрами. повеќе...
Синдикатите не се повеќе обрврзани да плаќаат радиодифузна такса! После месеци укажувања, јавна кампања и вложени жалби до надлежните институции, стаса потврда на она што КСС постојано го тврдеше, и тоа во форма на автентично толкување на Член 146, став 1 алинеја 3 од Законот за Радиодифузна дејност (Сл. Весник на РМ, бр. 100/2005, 19/2007, 103/2008 6/10 и 145/10) според кој: "Радиодифузна такса плаќаат правни лица и сопственици на деловен простор на секои 20 вработени или други лица што го користат деловниот простор, и тоа по една радиодифузна такса." Имено Собраниската Законодавно-правна комисија во своето толкување на споменатионт член го наведува следново: "Одредбата треба да се толкува така што радиодифузна такса плаќаат: правни лица и сопственници на деловен простор на секои 20 вработени или други лица кои го користат деловниот простор, по една радиодифузна такса. Правни лица кои не се регистрирани согласно законот за трговски друштва, односно кои добиваат статус на право лице согласно други закони немаат обрска да плаќаат радиодифузна такса согласно овој закон." Изминатите 2 месеца синдикалните организации на КСС и останатите синдикати бурно реагираа поради обидот на синдикатот како непрофитна организација да му се наметне оваа јавна давачка, сосема неоправдано и без никаков основ. КСС даде упатство до нашите членки веднаш да вложат жалба на решенијата, истовремено реагирајќи до Владата на РМ и Министерството за транспорт и врски против оваа одлука која, според нашето мислење, вршеше директно спречување на уставното право за синдикално слободно организирање и делување. Во продолжение го објавуваме автентичното толкување на Законот за Радиодифузна дејност.
Во понеделник, (27 декември) со почеток во 12.оо часот се одржа третата седница на Економско-социјалниот совет, со која раководеше Претседателот на ЕСС, Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами. повеќе...
По реагирање на повеќе членови на синдикатите кои ние ги претставуваме, посебно оние во државната администрација, кои од нас бараа итно да реагираме на изјавата на висок претставник на една политичка партија која била и повторно претендира да биде на власт, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на 19.12.2010 одржа прес конференција на која беше соопштена следнава реакција:повеќе...
Четвртиот од циклусот на семинари во рамките на проектот „Консолидирање на правните и институционалните рамки на социјалниот дијалог“ реализиран од МОТ/АДА се одржа од 17 до 19 ноември во Охрид, во организација на КСС. На семинарот учествуваа претставници од трите национални синдикати – партнери на МОТ, како и претставник од Организацијата на работодавачи. Согласно најавената тема, фокус на оваа работилница беа секторскте колективни договори, политиката на плати, практиката на колективното договарање, а дел од работата беше организиран преку работа во групи. Предавач на оваа работилница беше Петар Михалчик.повеќе...
На 15.11.210 се одржа втората седница на Економско-социјалниот совет на која, покрај членовите на ЕСС присуствуваше и амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, г. Ерван Фуере. Со седницата раководеше Претседателот на Економско-социјалниот совет и министер за труд и сoцијална политика, Џељаљ Бајрами.
На седницата евроамбасадорот, г. Фуере, го презентираше Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година, при што посебно се осврна на прашањата кои се од интерес на социјалните партнери, како што се: вработувањето, социјалниот дијалог, половата еднаквост, антидискриминацијата и социјалната исклученост.
Исто така на дневниот ред на ЕСС беа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во РМ и Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите од областа на трудот. Предлозите беа во насока на утврдување на единствен износ на казни за работодавачите односно бришење на распонот за висината на казните, во насока на подобрување на казнената политика во РМ. Од членовите на ЕСС се изнесе мислење дека измените се прифатливи.
Исто така на оваа седница со мали забелешки се усвои и Нацрт-Деловникот за работа на ЕСС кој беше претходно доставен до членовите.
Oд 17 до 19 Ноември 2010 во Хотел Белведере - Охрид ќе се одржи Семинар за “Секторски колективни договори“. Ова е четвтрто продолжение на проектот за “Консолидирање на правните и институционалните рамки на социјалниот дијалог во земјите од западниот Балкан и Молдавија„ кој се реализира од Меѓународната организација на трудот (ИЛО) со поддршка на Австриската агенција за развој (АДА). Овојпат за организирање на семинарот е задолжен КСС.
На семинарот учество ќе земат претставници од КСС, ССМ и УНАСМ, а како гости се поканети и социјалните партнери. Во фокусот на интересот на семинарот ќе бидат гранските колективни договори, нивно структурирање, најважните елементи на овие колективни договори, практиката на колективното преговарање и потребните подготовки, итн. Предавач на семинарот ќе биде г-дин Петар Михалчик, експерт ангажиран од МОТ.
Во текот на месец октомври КСС го спроведува вториот циклус едукативни семинари за оваа година, организирани во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје. Од 8-10 октомври 2010 во Струга се одржа семинар наменет на Секцијата на млади на КСС на тема Тимска работа и лидерство. Целта на овој семинар беше да се запознаат младите синдикалисти повеќе..
На 26 октомври во седиштето на КСС се одржа работен состанок помеѓу Претседателот на КСС Раско Мишкоски и Петар Зајденек, советникот на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС) за Балканот. Состанокот беше одлична можност да се оцени тековната соработка и односите КСС-ЕКС, како и да се дискутираат идните активности и облици на соработка.
Беше разговарано за претстојните активности на ЕКС во насока на подготовка на синдикатите во регионот за социјалниот дијалог кој мора да се одвива со владите и работодавачите во процесот на преговори и интеграција во ЕУ како и за хармонизација на домашната со легислативата на ЕУ. КСС како репрезентативен синдикат на национално ниво секако ќе биде вклучен во овој корпус активности.
Понатаму беше дискутирана состојбата со синдикалниот плурализам во Р. Македонија, односите помеѓу синдикалните централи, тековните проблеми со кои се судираат итн.
Во однос на прашањето на зачленување на КСС во ЕКС, беше договорено да се интезивираат чекорите во таа насока и се договорија некои конкретни активности кои треба да се превземат во текот на оваа година.
Јаким Неделков е новиот претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), избран на 5-тиот Конгрес на СОНК одржан на 17.10.2010. Во трката за претседател го победи својот противкандидат Веле Ѓорѓиоски Претседател на регионалната организација на СОНК од Прилеп.
Досегашниот претседател Дојчин Цветановски го предводеше СОНК осум години. Неделков најавува дека во следниот мандат приоритет на СОНК ќе биде потпишување на колективните договори за предучилишно воспитание и култура и отпочнување преговори за потпишување колективни договори за високото образование, како и враќањето на реалните трошоци за превоз за вработените во основното образование кои патуваат во руралните средини на работа.
На 14 и 15.10.2010 во Скопје во организација на Делегацијата на Европската унија во Македонија во рамките на Техничката помош за процесот на интеграција се одржа семинар за Социјалниот дијалог на кој експерти од Европската унија и Канцеларијата на Меѓународната организација на трудот во Скопје ги презентираа структурите, искуствата и најновите трендови во практикувањето на Социјалниот дијалог во Европската унија. повеќе...
На состанокот одржан на 05.10.2010 помеѓу раководствата на КСС и ССМ каде присуствуваа претставници на репрезентативнните синдикати од двете организации, беше договорено да се упати заеднички проглас по повод Денот на пристојната работа - 7 октомври до сите медиуми во земјата. Понатаму, се договорија насоки за заеднички настап по останати прашања од заеднички интерес. Најпрвин беше договорено редовно да се одржува договорен состанок помеѓу раководствата на КСС-ССМ пред одржувањето на секоја седница на Економско-социјалниот совет на која би се размениле и усогласиле ставовите на двете синдикални организации по однос на прашањата кои се третираат од ова трипартитно тело. Исто така, беше договорено да се формираат работни групи кои ќе работат на утврдување на заедничките ставови при преговорите за колективни договори и посебно при преговарање за Општиот колективен договор за јавен сектор. Беше дискутирано исто така да се иницираат измени во пензискиот систем, во насока на негово реформирање, со цел подобрување на условите за пензионирање, за што е веќе формрана работна група која неколкупати заеднички се среќавала за овие проблеми. Двете страни се договорија во понатамошниот период поинтензивно да работат на подобрување на условите и заштита на правата на работниците, со цел стенкување на довербата на членството како и за придобивање на што поголем број на членови во синдикатот.
Во рамките на програмата за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политка на Република Македонија и Министерството за труд, семејство и социјални прашања на Република Словенија за периодот 2010-2011 на 30.09.2010 се одржа Семинар за функционирање на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, на која учество зедоа социјалните партнери, МТСП и Комисијата за утврдување на репрезентативност при МТСП. КСС беше претставена на овој семинар со 5 учесници предводени од Претседателот на КСС.
Предавачи на семинарот беа Г-ѓа Метка Штока Дебевец од Директоратот за трудови односи и трудови права при Министерство за труд семејство и социјални прашања на Република Словенија и Г-ѓа Лилијана Тратник,Директорат за трудови односи и трудови права
По повод Европскиот Ден на акција и масовните протести кои ЕТУЦ ги организира оваа недела во Брисел и во сите поголеми градови во Европа, Претседателот на КСС Раско Мишкоски испрати писмо на поддршка и солидарност со работниците насекаде низ Европа со следнава порака „КСС со своите 70,000 члена го крева својот глас против влошувањето на социјално-економската положба, губењето на достоинството, растечката нееднаквост и несигурност на работните места. За жал, сево ова е со години реалноста во Македонија и стравуваме дека строгите мерки за штедење кои се спроведуваат насекаде во Европа може само дополнително да ја влошат положбата на оние кои ги претставуваме.
Со голема загриженост и внимание ги следиме настаните поврзани со европскиот Ден за акција кој се одбележува во Брисел и насекаде низ Европа. КСС целосно ја изразува својата солидарност и поддршка на овој Ден и истото ќе го повтори и следната недела кога ќе се одбележи кампањата за Достојна работа, на 7 октомври.
„Можеме да бидеме задоволни што во Република Македонија конечно е конституиран Економско – социјалниот совет, чијшто мандат ќе биде да ги разгледува сите закони и подзаконски акти значајни за положбата и стандардот на граѓаните“, порачаа претставниците на трите социјални партнери, Владата, синдикатите и работодавачите, по одржувањето на првата конститутивна седница на Економско – социјалниот совет, на 15.09.2010.
Договорот за формирање на Советот беше потпишан кон крајот на минатиот месец, и очекувањето на социјалните партнери е дека значително треба да го поттикне меѓусебниот дијалог и да влијае во подобрувањето на економската состојба. Неговото основање е дел од исполнување на критериумите на ЕУ.
Во ЕСС има 12 членови и исто толку заменици, односно по четворица претставници од Владата, синдикатите и работодавачите.
Владата на Република Македонија, двата репрезентативни синдикати (КСС и ССМ) и Организацијата на работодавачи, како што беше најавено, на ден 25.08.2010 ја потпишаа Спогодбата за Основање на Економско-социјалниот совет. Ова национално трипартитно тело ќе има советодавна и консултативна улога при креирањето и имплементацијата на законите во сферата на економско-социјалните прашања и проблематики на работниците. Неговото основање претставува реализациија на повеќегодишната заложба на КСС да профункционира овој механизам за остварување на социјален дијалог по европски модел. Од името на Владата, Спогодбата ја потпишаа Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и Министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами, од името на синдикатите претседателот на КСС Раско Мишкоски и в.д. претседателот на ССМ Живко Митревски, како и Димитар Стојановски од Организацијата на работодавачи.Согласно потпишувањето на Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет, за членови на истиот КСС ги номинираше:
Раско Мишкоски, Претседател на КСС и Дојчин Цветаноски, Претседател на СОНК, најброниот синдикат во КСС.
Нивни заменици во Советот ќе бидат: Љубе Стојковски, Претседател на СТВ и Виолетка Спасевска, Претседател на САДУ повеќе...
На ден 25.08.2010 во 11 часот е закажано потпишување на Спогодбата за основање на Економско-социјален совет на Република Македонија. Претставниците на Владата на РМ, заедно со репрезентативните синдикати и организацијата на работовавачи, со своите потписи ќе го означат почетокот на функционирањето на ова тело. Во името на Конфедерацијата на слободни синдикати Спогодбата ќе ја попише Претседателот Раско Мишкоски.
Воедно ова ќе значи значи чекор напред кон европскиот социјален модел и институционализација на социјалниот дијалог. Преку ова тело КСС ќе даде свој придонес во унaпредување на правата и интересите на работниците и активно ќе работи на подготовки на закони кои се однесуваат на економско-социјалните права на работниците, како и на законите што треба да се усогласат со европските директиви, во насока на приближување на Република Македонија кон евро-атлантските асоцијации.
По предлог на Комисијата за утврдување на репрезентативност која изминатиот период ги утрдуваше фактите по барањата доставени од различните синдикати, врз основа на член 213 од ЗРО, Министерството за труд и социјална политика издаде решенија за репрезентативност на синдикатите, од кои
Две решенија за репрезентативност на Конфедерацијата на слободни синдикати КСС: на национално ниво и за јавен сектор, со вкупно 30% од вработените во јавниот сектор) повеќе...
Република Македонија беше домаќин на дводневната Субрегионалната конференција на МОТ за улогата на економско-социјалните совети во време на криза во Западниот Балкан и Молдавија, која се одржа на 30 јуни и 1 јули во Охрид.
На оваа конференција во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Австриската Влада учествува претставници од 11 земји на владите и организациите на работници и работодавачи од земјите од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија, Македонија), Повеќе...
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) доби решение за репрезентативност на ниво на Република Македонија. Со ова се потврдува членството на КСС во Економско-социјалниот совет чиешто конституирање ќе се случи многу бргу. На ниво на РМ решение за репрезентативност добија и Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија од страната на работодавачите.На 25.06.2010 беше одржан состанок во Министерството за труд и социјална политика на кој претставниците на репрезентативните организации на работници и работодавачи на ниво на РМ се сретнаа со Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. На овој состанок се постигна согласност во рок од 20 дена од да се усогласи содржината на Спогодбата за формирање на економско-социјалниот совет, по што веднаш ќе следи првиот конститутивен состанок на Економско-социјалниот совет. Повеќе...
Притисокот на работничките права расте во целиот свет
Драматичен пораст на случаите на прекршување на синдикалните права, со дури 101 убиство на синдикални лидери во 2009, што е 30% во однос на 2008. Денешниот ден (9.06.2010) е светскиот ден за објавување на годишниот преглед за состојбата со кршењето на синдикалните права, кога сите синдикати од светот го вртат фокусот на сé поголемиот притисок врз темелните работнички права, кои се под жестоко влијание на глобалната економска криза. Европа исто така бележи значителен растеж на анти-синдикалната дискриминација и репресија, тренд кој е подеднакво видлив и во земјите на западна Европа како и во економиите во транзиција. Милиони работници на континентот ги изгубија своите работни места, синдикатите го губат правото да се вклучуваат во колективните мерки чија цел е да се спасат работните места и да се стави крај на деградацијата на трудот, дури има и закани и отпуштања од работа како обид да се обструираат синдикални активности, во што не е искучок на практиката во Македонија.
Делот од извештајот кој се однесува на Македонија потенцира дека сеуште социјалниот дијалог не е на задоволително ниво, и укажува на ограничувањето на правото на штрајк преку одредби од Законот за работни односи кои ја отежнуваат самата постапка на организирање на законски штрајк, вклучително и одредбата за суспендирање на 20% од учесниците во штрајкот во текот на неговото времетраење кои „недемократски се однесуваат„ што е одредба подложна на широка злоупотреба.
„Европа има обврска да претставува пример за почитување на синдикалните права„ вели Гај Рајдер, Генерален секратер на Меѓународната органзација на трудот, која претставува 176 милиони работници од преку 155 земји во светот. За жал, во Европа состојбата е далеку од онаа каква би требало да биде.
Целиот преглед е достапен на
http://survey10.ituc-csi.org
Вчера претставници на сите регистрирани синдикати на национално ниво одржаа средба во Министерството за труд и социјална политика, проследена со прес конференција која ја предводеше Џелал Бајрами, Министер за труд и социјална политика. На состанокот беше потврдено дека за околу 10 дена ќе заврши постапката за доставување барања за добивање решенија за репрезентативност.
Претседателот на КСС Раско Мишкоски потврди дека КСС и шест грански синдикати веќе поднесоа барања за утврдување на репрезентативноста, и дека по завршување на постапката е многу извесно дека КСС ќе се стекне со статусот репрезентативен синдикат на национално ниво и во околу 10 различни дејности.
Беше договорено исто така Комисијата на Министерството да ја утврди репрезентативноста најдоцна до 25 јуни, те. пред одржувањето на Конференција на МОТ за Економско-социјалните совети во регионот, закажана за 30 јуни и 1 јули во Охрид. Целта е пред овој термин да биде биде конституиран новиот ЕСС каде ќе членуваат утврдени репрезентативни синдикати и здруженија на работодавачи.
Од 13 до 15 мај 2010 КСС организираше семинар-едукација за новоизбраните синдикали лидери на гранско и ниво на основни организации. Семинрарот се одржа во Охрид, Хотел Белведере, со поддршка на Фондацијата Фридрих-еберт, канцеларија во Скопје.
Преку низа сесии и работилници, учесниците на семинарот научија повеќе за техниките на успешно лидерство, регрутирањето нови членови, мобилизирање поддршка за синдикални акции, успешното водење состаноци, техники на успешно преговарање, итн.
Овој семинар беше убава можност за размена на искуства и знаења од различните средини од кои доаѓаа учесниците, со оглед на тоа дека беа застапени сите грански синдикати-членки.
На 10 и 11 мај 2010 се одржа трето продолжение од работилницата во организација на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ) поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт - Кацеларијата во Скопје, под работен наслов „Законот за работни односи во Македонија“. Со оваа работилница се заокружи серијата активности на разгледување на одредени одредби од ЗРО за кои постои дебата околу усогласеноста со директивите на ЕУ и конвенциите и препораките на МОТ и се разговараше за најновите Предлог-измени на ЗРО. Тема на дискусија беа репрезентативноста и критериумите за докажување на истата, постапката на регистрација и пре-регистрација дефинирана со ЗРО, економско-социјалниот совет, колективните стечаи како и обврската за информирање и консултирање. Предавачи на семинарот беа колеги од ИТУЦ и ЕТУЦ. На семинарот се постигна договор за обезбедување експертиза при изготвувањето на Спогодбата за функционирање на Економско-социјалниот совет, што се оцени како најитно потребна активност за да се подготви навремено барање од синдикатите за формирање на ова тело веднаш штом се заокружи постапката на докажување на репрезентативност.
Од 7-9 мај 2010 КСС организираше семинар на Секцијата на млади на тема „Улогата и значењето на членување на младите во синдикатот“. Целта на семинарот беше запознавање на младите синдикалисти со придобивките на членување во синдикатот, и нивно подобро информирање за синдикатот каде членуваат. Семинарот е подржан од Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје.повеќе...
Во духот на одредбите на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу синдикатите и заедничките напори на членките на Економско-социјалниот совет (КСС и ССМ) за економско-социјален напредок на РМ во полза на нашите членови, а како реакција на тековната состојба на политичка криза и изборна неизвесност, КСС и ССМ денес излегоа на зедничка прес конференција со апел оваа состојба побрзо да се надмине, за бизнисот да не стане заложник на оваа криза што директно оди на штета на нашето членство. Апелот пред се го испраќаме затоа што не сакаме да ни престои период на забавување или блокирање на иницијативите кои синдикатите ги имаат доставено и допрва ќе ги доставуваат до Економско-социјалниот совет за измена на работно-правната легислатива и за поуспешна хармонизација на домашното со законодавството на ЕУ, бидејќи Владата е преокупирана со тоа дали ќе има избори или не.
Во прилог погледнете ја заедничката изјава за медиумите.
На 18 и 19 февруари 2010 ќе се одржи работилница во организација на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ) и Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), под работен наслов "Пристап кон подобрување и хармонизација во ЕУ на ЗРО". Целта е да се разјаснат можните толкувања и пристапи на одредени законски одредби за да се утврди релевантноста на различните димензии во реалноста во Македонија. ИТУЦ во наредниот период ќе организира низа слични работилници во насока на јакнење на синдикалниот потенцијал со цел да се влијае на дебатите поврзани со политиките во потрага по заеднички решенија и ставови во политичкиот процес на приспособување и усогласување на ЗРО со меѓународните и стандардите на ЕУ. На агендата на оваа работилница се одредби од ЗРО како репрезентативност и критериуми, сектори и нивоа на преговарање, прашањето на координација, договори, економско-социјален совет, договори на определено време, колективни стечаи, отпремнина, параметри на работното време, ноќна работа, минимална плата, природа, цел и исход. Ученици од ИТУЦ се: Стефан Бенедикт, Раководител на одделението за човекови и синдикални права на ИТУЦ и Григор Градев, Виш истражувач на ЕТУИ и Извршен секретар на ИТУЦ.
Во рамките на тековниот проект за јакнење на правните и институционалните основи на социјалниот дијалог кој се реализира заедно со Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Австриската агенција за развој АДА, од 4-6 февруари 2010 во Охрид се одржа работилница за Колективно преговарање повеќе...
ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА КОНФЕДЕРАЦИЈАТА НА СЛОБОДНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА (КСС) НА СВОЈАТА ПОСЛЕДНА СЕДНИЦА ГО РАЗГЛЕДУВАШЕ И УСВОИ СТАВОТ НА КСС ПО ОДНОС НА ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ И САМАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ИСТИОТ. КОНФЕДЕРАЦИЈАТА НА СЛОБОДНИ СИНДИКАТИ ГО ПОЗДРАВУВА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ОВОЈ ЗАКОН, КОЈ СЕ ОЦЕНУВА КАКО МНОГУ ПОТРЕБЕН ЗАКОН КОЈ Е ОД БИТНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СО ЦЕЛ ДА СЕ ОСИГУРА ПОГОЛЕМА ЗАШТИТА, КОЈА ПОНАТАМУ БИ СЕ ДОУРЕДИЛА И СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР. повеќе...
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на состанокот на Централниот Одбор одржан на 22.04.2010 го поздрави донесувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи доставен до нас за мислење. Со оглед на тоа што постојат одредени директиви на ЕУ од примарното и секундарното законодавство на ЕУ кои не се во целост транспонирани во националниот ЗРО, КСС ја потврдува потребата за Измени и дополнувања на текстот на ЗРО. Притоа нотирани се одредби од различни директиви, како оние за информирање и консултирање на работниците, за актидискриминација и мајчинство, безбедност и здравје при работа, итн. Текстот е генерално оценет како поволен, со мали забелешки. КСС и понатаму ќе се залага за донесените Резолуции донесени на Конгресот од 2007 год, кои се за донесување на посебни закони за области кои во моментот се регулираат со Законот за работни односи. На следниот линк е текстот на Предлог-законот за Измени и дополнувања на ЗРО за Ваше подобро информирање.
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи
На најголемиот празник на работниците 1 Мај, двата најголеми синдикати во РМ Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), се договорија да направат нешто што не е вообичаено, односно наместо да се организираат штрајкови или протести, да остварат работна средба со претставници на Владата. На општо задоволство на двата синдиката оваа средба беше остварена, каде присуствуваа повеќе претседатели од гранските синдикати во составот на КСС и ССМ, предводени од нивните претседатели и повеќе министри на Владата на РМ, предводени од потпретседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, Г-дин Владимир Пешевски. На оваа средба беше договорено да се подобри социјалниот дијалог што е во голема мера во интерес на двете страни и на нашата држава воопшто, на патот кон интегрирање во Евро-атлантските асоцијации. Се разговараше отворено за досегашните проблеми во соработката, но и за тоа како заеднички да се соработува во иднина. Беше договорено во иднина со уште поголем интензитет да продолжи дијалогот, особено во делот на носење на нови закони од сферата на работните односи и од социјалната сфера. Меѓу другото беше истакната потребата од формирање на Економско-социјален совет (ЕСС) во брзо време, кој што ќе биде рамка за редовно одвивање на социјалниот дијалог
На 03.05.2010, за прв пат по 5 години се одржа средба помеѓу раководствата на ССМ и КСС, средба која по многу нешта може да се нарече историска. На оваа средба двете најголеми синдикални организации во РМ ја потврдија заложбата за подобра соработка во иднина, во духот на конструктивниот синдикален плурализам како и стекнување доверба помеѓу раководствата на двата синдиката. На оваа средба се дојде до заеднички заклучок дека изборот на нов лидер на ССМ дава оптимизам за подобра соработка во идина, која недостасуваше досега, пред се поради личноста на лидерот на ССМ, кој беше една од причините во досегашната (не)соработка. Во духот на соработката и доследноста на мисијата за заштита на трудот и достоинството на работниците во РМ, како и во согласност со заедничките напори на меѓународните институции со кои соработуваме, а со цел да се дојде до подобри резултати во синдикалното движење и заштита на правата на работниците, КСС и ССМ изразија заедничката заложба за поголема соработка во иднина на заеднички проекти и активности. На оваа средба се дојде до договор околу темите за кои ќе се договара заеднички настап пред социјалните партнери, како и динамиката и начинот на соработка. По завршување на состанокот беа поканети сите медиуми и беше одржана прес конференција, на која едно од прашањата беше дали во иднина може да се очекува обединување на двата синдикати. На ова прашање Претседателот на КСС Раско Мишкоски одговори дека „во состојба на синдикален плурализам не би било добро за работниците да дојде до обединување, но ако сме две организации не значи дека нема да соработуваме за важните прашања, и да работиме како еден синдикат.„
Токму затоа сметаме дека овој состанок е вовед на ново поглавје во соработката на најголемите синдикати во РМ, чии придобивки ќе одат за доброто на работниците.
На ден 29.12.2009, кога КСС бележи четири години од своето постоење и официјално се конституира Конференцијата на КСС, како највисок орган на КСС помеѓу два конгреса. Членовите на Конференцијата го усвоија Деловникот за работа кој е достапен во електронска форма, под Документи.
По овој повод, и по повод Новогодишните празници, КСС организираше свечен коктел во Домот на АРМ за своите членови, соработници, и претставниците на медиумите. На присутните им се обрати Претседателот на КСС, Раско Мишкоски.
Обраќањето можете да го преземете тука.
На 3 и 4 декември во Скопје се одржа состанок за старатешко планирање во организација на ИТУЦ/ПЕРЦ, на кој учествуваа претставници од КСС, ССМ и УНАСМ. Целта беше синдикалните организации да договорат одредени заеднички чекори за решавање на проблемите од доменот на социјалниот дијалог и работното законодавство кои бараат итна интервенција. Целосниот документ од договорените заклучоци пронајдете го тука.
Во врска со наводите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) искажани на прес конференција од минатата недела како и објавата на нивниот вебсајт дека ССМ станала полноправна членка на ЕТУЦ (Европската конфедерација на синдикати) од декември 2009, во интерес на вистината КСС се обрати до Генералниот Секретар на ЕТУЦ, г-дин Џон Монкс за информација за вистинската состојба со статусот на синдикатите во Македонија во рамките на ЕТУЦ. Очигледно е дека, по добиениот одговор, нема промена во статусот на синдикатите од Македонија во ЕТУЦ, за што потврда е писмото на г-дин Монкс, кое во превод гласи:
Брисел, 8 декември 2009
Почитуван г-не Мишкоски,
Благодариме за писмото од 7 декември,
Извршниот комитет на ЕТУЦ последен пат ја разгледуваше состојбата со членство на синдикалните организации од РМ во декември 2008 и се согласи дека треба да се следи понатаму и дека засега не треба да се презема никаква акција. Тоа останува како став на нашата организација.
Искрено ваш,
Џон Монкс,
Генерален секретар, ЕТУЦ
Оригиналот на писмото отворете го тука.
Во Конфедерацијата на слободни синдикати од неодамна се приклучија два нови грански синдикати: Синдикатот на печатени и електронски медиуми на Македонија (СПЕМ), и Синдикатот на Станбено-деловните и комуналните организации на Република Македонија (ССКО).
Во Синдикатот на вработените во администрација и државна управа (САДУ) се приклучи нова синдикална органзација која го зголеми членството во САДУ за повеќе од 600 членови. Станува збор за Синдикалната организација на катастарските службеници (СОКС) при Агенцијата за Катастар на недвижности на РМ.
Со ова се потврдува дека КСС од ден на ден го зголемува своето членство, така што со приклучување на овие синдикати членството во КСС стана побогато за повеќе од 2 000 членови.Тековните активности и успеси на регрутирање на нови членови се потврда за фактот дека КСС и понатаму останува носител на синдикалното движење во РМ, благодарејќи на својата демократија во синдикалното организирање и вистинското согледување на случувањата во врска со социјалниот дијалог во нашата држава во последниве неколку години
На ден 29.10.2009 Собранието на Република Македонија го усвои Законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи. Кликнете на линкот наведен подолу за да се информирате за содржината на усвоените измени и дополнувања.
Воедно Ве информираме дека Конфедерацијата на Слободни Синдикати ќе организира Тркалезна маса на оваа тема, планирана да се одржи кон крајот на ноември. На оваа тркалезна маса ќе бидат поканети да земат учество претставниците на синдикатите, работодавците и Владата на РМ, како и еминентни експерти од оваа област.Законот за измени и дополнување на Законот за работни односи може да се погледне тука.
Информација од прес конференција од 16.10.2009:
"Оваа прес-конференција КСС ја свика со цел на македонската јавност а посебно на работниците во Р. Македонија да им ги прикаже реалните состојби во врска со претстојните измени и дополнувања на Законот за работни односи како и заложбите на КСС за подобрување на работничките права во Р.М.
Имено, со цел да се изготват подобри законски решенија во Законот за работни односи социјалните партнери во РМ (синдикатите на национално ниво, здруженијата на работодавачи и Владата на РМ) одржаа побеќе состаноци на кои секоја страна ги презентираше своите видувања и забелешки за претстојните законски измени. На тие состаноци се усогласуваа законските измени кои како усогласени беа предложени за донесување во законодавниот дом во РМ. Посебно би сакале да укажеме дека после повеќе од 15 години конечно во РМ законите од сферата на работните односи се донесуваат во постапка и начин согласно позитивните законски прописи т.е. договорно и во консултации со социјалните партнери во РМ (синдикати, работодавачи и Владата). КСС смета дека предложените измени во Законот за работни односи ќе допринесат за подобрување на правата на работниците, а посебно во делот на синдикалното движење каде што конечно ќе се отслика вистинската слика и бројност на синдикатите. Овие измени ќе овозможат да се издиференцира репрезентативноста на синдикатите на сите нивоа на делување (национално, гранско и на ниво на работодавач) со што ќе се овозможи и легитимитет за преговарање и колективно договарање. За жал Сојузот на синдикати на македонија деновиве ја лаже јавноста дека предложените измени не се позитивни за работниците. Нивната нервоза е поради тоа што ќе мора да ја докажува својата репрезентативност (како што е во сите демократски земји), односно ќе се покаже дека се состои од една врхушка на самопрогласени вечни синдикалци без реално членство зад себе и дека работниците во РМ не им веруваат. Оттука произлегува нивната сегашна нервоза меѓу кое и вчерашниот смешен протест пред Собранието на РМ со кој покажаа колкава им е реалната сила (членство). Измените на Законот за работни односи најповеќе се фокусирани на усогласување на законот со европското законодавство како и на дефинирање на синдикалните организации на сите нивоа.
КСС ги повикува работниците во РМ кои сеуште веруваат на манипулациите на овој смешен "синдикален сојуз" да ги напуштат нивните синдикати како не би биле и понатаму заложници на лажно синдикално организирање. КСС повторно укажува дека предложените законски измени не ги повредуваат, прекршуваат а ниту пак ги намалуваат постојните права на работниците во РМ.
Г-дин Марк Левин, Директорот на канцеларијиата на МОТ за Централна и Источна Европа на 15.09.2009 беше во посета на КСС, и оствари средба со Претседателот на КСС, Раско Мишкоски. Главниот фокус на посетата беше информирање на КСС за Програмите за пристојна работа на Меѓународната организација на трудот, што претставува сеопфатна кампања која ќе вклучува голем број на земји-членки на МОТ, вклучително Македонија. Ова ќе служи како рамка за соработка помеѓу МОТ и нашата земја, што бара согласност и подготвеност на соработка помеѓу Владата, синдикатите и здруженијата на работодавачи во изработката на Програмата за пристојна работа на Македонија. Како концепт, пристојната работа има за цел да ги дефинира приоритетите и целите за развој на социјалната, економската и политичката агенда на земјите-членки, со цел да се создадат поголеми можности за пристојна работа, намалување на сиромаштијата, социјална вклученост и достоинствена работа за сите, со почит кон различностите.
Претседателот на КСС изрази задоволсто и целосна подготвеност за соработка на КСС во овој проект. Понатаму во разговорот, г-дин Мишкоски го извести г-дин Левин за актуелностите околу измените и дополнувањата на ЗРО и подобрувањето на состојбите со социјалниот дијалог и партнерство кои се очекуваат со стапување во сила на законските измени, но и за потребата за усвојување на специјални закони кои дополнително ќе ја регулираат сферата на колективното преговарање и социјален дијалог. Предмет на дискусија беа исто така и економско-социјалните проблеми во Македонија, невработеноста и нејзините реперкусии, неформалната економија, недоволните инвестиции, како и синдикалните активности во насока на јакнење на позицијата на работниците преку колективното преговарање, синдикалните кампањи за зголемување и јакнење на капацитетите на членството, итн.
На втората средба на социјалните партнери, односно на претставниците на сите регистрирани синдикати на национално ниво и претставниците на Министерството за труд и социјална политка одржана на 06.07.2009 за разгледување на Предлог-измените на Законот за работни односи во делот на определување на репрезентативноста на социјалните партнери, беше разгледан пречистениот текст со забелешките на претставниците на синдикатите доставени до МТСП по одржаната прва средба. По разгледување на текстот, констатација на КСС е дека некои од забелешките на синдикатиите се со право внесени во нарцт-текстот.
Со донесување на овие измени, поконкретно со одредбите за докажување на репрезентативноста на организациите на работодавци и синдикати, КСС е на став дека конечно во Република Македонија ќе профункциононира Економско-социјалниот совет, кој во последниве неколку години не функционираше токму од овие причини. Функционирањето на Економско-социјалниот совет е од особено значење за социјалниот дијалог и меѓусебното консултирање на социјалните партнери
На ден 25 јуни 2009, во Министерството за труд и социјална политика, беше одржан состанок на кој се разгледуваа предлог-измените на Законот за работните односи во делот на определување на репрезентативноста на социјалните партнери, и во делот на усогласувањето со Директивата 2003/88/ЕЗ на Европскиот парламент и Советот од 4 Ноември 2003 која се однесува на извесни аспекти за организирање на работното време.
На ова средба учесствуваа, покрај претставниците на МТСП, и четирите регистрирани синдикати на национално ниво (КСС, ССМ, УНАСМ и КСОМ). На средбата беа разгледани и коментирани сите забелешки кои синдикатите ги имаа доставено во однос на предложените имени на ЗРО. Воедно, беше договорено да се изработи пречистен текст со забелешките на претставниците на синдикатите, кои повторно ќе бидат разгледани на следната средба закажана за среда, 1 јули 2009.
КСС смета дека ова е единствен прифатлив начин на консултации помеѓу социјалните партнери, при состојби кога не функционира Eкономскo-социјалниот совет. Присуството и учеството на претставниците на сите синдикати регистрирани на национално ниво е доказ дека се бара начин за доаѓање до што поквалитетни решенија во новите измени на ЗРО, пред сé околу репрезентативноста на синдикатите.
По подолг период на функционирање на Секциите на жени млади при КСС со привремено раководство, сега и официјално се формираа. На 18.05.2009 во 12.00 се состанаа делегираните претставнички на Собранието на Секцијата на Жени на КСС, а истиот ден во 14.00 се состанаа и делегираните претставници во Собранието на Секцијата на Младите.
На овие состаноци беа усвоени Статут, Правилник и Програма за работа за 2009 на двете Секции, и се избраа Претседателствата.
За Претседател на Секцијата на жени беше избрана Гордана Букревска, Претседателка на Секцијата на жени при СОНК, за Потпретседател на Секцијата беше избрана Билјана Зафировска-Стојановска од ССЕРИ а за Национален Координатор, задолжен за меѓународна комуницијата беше избрана Лилана Андреева, од САДУ. Остатаните шест членки на Претседателството се: Дијана Тасева (ССЕРИ), Анета Апостолска (СОНК), Милка Стојановска (ФТВ), Елизабета Кузевска (САДУ), Љубка Мојсовска (ССВО) и Мирјана Јорданова (ССВЛС).
За Претседател на Секцијата на млади беше избрана Зана Делија од Федерацијата за транспорт и врски, која исто така беше номинирана за Национален координатор. За Потпретседател на Секцијата беше избран Боро Велигденов од Синдикатот на македонска пошта. Останатите пет члена на Претседателството се: Газмен Сејдиу и Ненад Стошиќ (СОНК), Данче Трајановска (ССЕРИ), Никола Ѓуроски (САДУ), и Марјан Цветковски ССВО.
Извршниот одбор на Светскиот синдикат на јавните служби (ПСИ) на 23.04.2009 го прими за официјална членка Самостојниот синдикат на енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ). "Се надевам дека ова е почеток на долга и плодна соработка", наведе Генералниот секретар на ПСИ Питер Валдорф во неговиот допис до ССЕРИ.
Во ПСИ членуваат повеќе од 690 членки, установи и претпријатија од јавните служби од преку 160 земји во светот.
На 26.05.2009 раководството на КСС имашње средба со делегација од САД, поконкретно претставници на Консултантската фирма АРД и од УСАИД – Вашингтон, кои се во Македонија на повеќенеделна мисија за евалуација на состојбата со демократијата и владеењето во РМ, врз база на која ќе излезат со конкретни препораки и смерници на идното дејствување и поддршка на УСАИД Македонија. Во текот на својата мисија, тимот за проценка консултира влијателни поединци и институции од сите области на македонското општество околу нивните мислења и перспективи за политичкиот и демократскиот развој во РМ, и во тој контекст, средбата со раководството на КСС беше една од првите на нивната агенда.
Раководството на КСС ги извести американските гости за функционирањето на социјалниот дијалог во РМ, поконкретно состојбата со Економско-социјалниот совет на РМ, трудовите закони и степенот до кој се инволвирани синдикатите во донесувањето на истите, како и следењето на нивната имплементација. Генерално, раководството на КСС изрази оптимизам во смисла на очекување во подобрувањето на социјалниот дијалог на сите нивоа во наредниот период во нашата држава.
На 11.05.2009, раководството на КСС оствари средба со Г-дин Јап Винен, Заменик генерален секретар на ИТУЦ (Меѓународна конфедерација на синдикатите) и Григор Градев, Извршен секретар на Пан-европската регионална структура при ИТУЦ, во седиштето на КСС во Скопје. Посетата е остварена по повод поднесеното барање за прием на КСС за полноправна членка на ИТУЦ, а Г-дин Винен е задолжен токму за прашањата на прием на нови членки во рамките на Секретаријатот на ИТУЦ.
Претседателот на КСС ги информираше гостите за новостите околу активностите на КСС во делот на зачленување на нови членови, социјално-економската положба на членството, главните економски трендови и предизвици, состојбата со социјалниот дијалог во Република Македонија. Во текот на дискусијата произлезе потреба да се расчистат одредени невистини околу КСС за неговата работа, бројноста и регрутирањето на членство кои се пласираат за КСС од страна на одредени структури. Токму затоа, присуството на високата делегација од Брисел беше одлична можност искрено да се проговори за одредени синдикални состојби во државата и да се стави крај на ваквите шпекулации.
Апликацијата на КСС за членство во оваа меѓународна синдикална органзација ќе се разгледува во Октомври, на следниот состанок на Генералниот Совет на ИТУЦ
КСС активно работи на вистинско активирање и профункционирање на Економско социјалниот совет во Македонија.
Ова трипартитно тело кое по структура би требало да ги обединува сите организации на социјалните партнери во државата, потфрли на сите основи. Како прво, не е веродостоен репрезент на реалната состојба. Понатаму, на овој Совет му недостасува и законска рамка со која би се дефинирале ингеренциите, и преку која би се зголемило нивото на заложба од страна на членовите кон заживување на еден вистински социјален дијалог со кој полесно би се решавале и регулирале социјалните проблеми во земјата.
Нашите заложби се што поскори измени на одредбите од Законот за работни односи во делот на социјалниот дијалог, односно каде се опфатени синдикатите.
Согласно Резолуцијата усвоена на последниот Конгрес на КСС во 2007 година, КСС се залага за итно покренување постапка за донесување на нови, како и измени и дополнувања на постоечките закони што ги регулираат правата и обврските од работниот однос, а смета дека особено е итна потребата од донесување на Закон за синдикатите, Закон за штрајк, Закон за колективни договори, како и измени и дополнувања на Законот за работни односи и Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
КСС исто така има отпочнато постапка пред надлежните органи за поделба на целокупниот сидикален имот на сите легално постоечки синдикати во државата, по примерот на државите од поранешна СФРЈ.
Централниот одбор на КСС во проширен состав, одржан на ден 29.04.2009 расправаше, меѓу другото, и за последиците од економската криза во нивните установи/компании. Со оглед на фактот што членството на КСС е претежно од јавниот сектор, по исцрпните информации, генерално заклучокот кој може да се извлече е дека, со исклучок на ЈП Македонски Железници, каде заостануваат со исплата на плати, останатите вработени во јавниот сектор не се директно засегнати од проблемите со економската криза, нема најави за отпуштања од работа, ниту поголеми заостанувања на платите, што конкретно е и заложбата на синдикатот во насока на одбрана на правата и задржувањето на работните места на работниците.
На крајот од оваа дискусија, Претседателот на КСС ги презентираше заклучоците од состанокот на синдикалниот Форум на југоисточна Европа одржан во Подгорица, 27 февруари 2009, настан исклучиво посветен на влијанието на економската криза во земјите на ЈИЕ.