Општиот Колективен договор за јавниот сектор
___________________

Зошто и како да се биде член на КСС?

___________________


Mеѓународна конфедерација на синдикати



Интернационала за образование


Интернационала на работниците од хемиската, енергетската и рударската индустрија

 
КСС И ССМ - ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОВЕЌЕ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ
 

Во организација на ССМ и КСС на 01.02.2011 се одржа Тркалезна маса на тема „Пензискиот систем во РМ и воведување на повеќе услови за пензионирање“. Истата се одржа во рамките на Проектот за ЈИЕ за реформите во пензискиот систем поддржан од ИТУЦ/ПЕРК и Владата на Кралството Норвешка и ЛО Норвешка.
Целта беше презентирање на Иницијативата за воведување во Македонија на повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиски и инвалидско осигурување, иницијатива која веќе поголго време е на агендата на синдикатот. На тркалезната маса учествуваа претставници на социјалните партнери - Министерството за труд и социјална политика претставено од Министерот Џелал Бајрами и Организацијата на работодавци на Македонија. Понатаму, на трибината земаа учество и останатите засегнати организации и институции: Фондот за ПИОМ, Министерството за финансии, УЈП, Светската банка и ММФ, MOT, претставници од приватните пензиски фондови, итн.
„Свесни сме дека постојат тешкотии во остварувањето на идејата за воведување повеќе услови за пензионирање. Потребни се сериозни анализи и пресметки, но ние како синдикати сме решени да бидеме упорни и да ја пласираме идејата до крај,“ рекоа претседателите на ССМ и КСС на прес-конференцијата организирана по повод тркалезната маса. Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами изјави дека ја поддржува Иницијативата, но дека се потребни темелни анализи односно дека е потребно секој предлог да биде поддржан со актуарски проекции и фискални импликации, за потоа да се утврди како ќе влијае на пензискиот систем во целина.
Меѓу другото оваа Иницијатива ќе биде на дневен ред на Економско – социјалниот совет, но битно е да се спомене дека истата ја има и поддршката на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ).  

На тркалезната маса своја презентација имаа и претставниците на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) Мартин Хутсебаут, на ИТУЦ/ПЕРК Ениса Салимовиќ како и претставникот од Хрватското здружение на синдикати (ХУС) Мирослав Брзица. Г-дин Хутсебаут ги пренесе искуствата од пензиските системи на европските земји и ги објасни трите клучни принципи за одржливост на истите – издржливост, адекватност и флексибилност на фондовите.


Во продолжение проследете ја во целост споменатата Иницијатива, која вчера ја потпишаа претседателите на ССМ и КСС.

kss_logo
КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СЛОБОДНИ
СИНДИКАТИ

ssm_logo
СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ
НА МАКЕДОНИЈА

 

Со започнувањето на реформата во пензискиот систем  од 2000 до денес, се направија многу значајни промени во пензискиот систем во државата, почнувајќи од воведувањето на тростолбен пензиски систем, задолжителното социјално осигурување, па се до промените во условите за пензионирање.
Сојузот на синдикатите на Македонија уште од самиот почеток на реформата, а подоцна се приклучи и Конфедерацијата на слободни синдикати, бараше во државата да постојат повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Во Република Македонија денес постои само еден услов за пензионирање  (возраст - 62ж. 64м. и минимум 15 год. работен стаж), кој не е доволен и не дава можност за избор при пензионирањето и по други услови, познати во скоро сите земји од Европската Унија.
Потребата од постоење на повеќе услови за пензионирање е неопходност во Република Македонија бидејќи постоењето само на еден услов, не може да ги апсорбира сите специфични отежнати  услови за работа во одделни дејности, неможноста да се работи поради здравствени проблеми и проблемите што ги создаде транзицијата  (стечајни работници, работници технолошки вишок, социјални случаи, кои неможат повторно да се вработат било поради годините на возраст или не се со квалификации што ги бара новото време на работење).
За таа цел, Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати, по барање на своето членство, до Владата на Република Македонија  ја поднесуваат следната:
ИНИЦИЈАТИВА
за воведување на повеќе услови за пензионирање во
Законот за пензиско и инвалидско осигурување
Во Република Македонија покрај постојниот услов за пензионирање, да се воведат и следните услови за пензионирање:

1. Старосна пензија - по работен стаж

35 години работен стаж - жена - без оглед на годините на возраст
40 години работен стаж - маж   - без оглед на годините на возраст

Овој услов да се применува најдоцна до 2015 година.

2. Старосна пензија - по возраст или работен стаж - по дејности

Работниците во државата се вработени во различни дејности и извршуваат работни задачи кои се различни по тежина и по услови каде тие се извршуваат. Затоа е потребно со закон да се предвидат едни услови за пензионирање на градежен работник, на текстилен работник, на рудар од оној работник на пример што е вработен во администрација. Доколку се утврдат различни услови на пензионирање тие ќе бидат со право на избор на работниците, а не задолжителни, од волјата на работникот ќе зависи под кои услови ќе сака да се пензионира.

3. Предвремена старосна пензија по возраст

Се предлага да се воведе право на работниците на предвремена старосна пензија која би се остварувала по условот возраст од 60 години, со минимум работен стаж од 15 години.
Корисници на предвремена старосна пензија  можат да бидат работници кои работат но, неможат да продолжат да работат од одредени причини (здравствени, работни, а неможат да се прогласат инвалиди, поради стечај или ликвидација) или  се невработени, а го исполнуваат условот - минимум 15 години работен стаж. Овој вид на пензија би се остварувала исклучиво по вoлја и барање на работникот.
Овој услов за пензионирање во скоро сите земји од Европската Унија е познат како општ услов за пензионирање и тој се остварува на 60 години возраст.

4. Неполна старосна пензија по возраст

-    да се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување доколку го немаат исполнето условот минимум 15 години работен стаж,
-    правото на само уплатување на придонесот, да го имаат работници на кои им недостасуваат до 3 години работен стаж од минималните 15, а го исполнуваат условот возраст ( 62, односно 64 години).

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ на КСС
Раско Мишкоски

ПРЕТСЕДАТЕЛ на ССМ
М-р. Живко Митревски

 

Скопје, февруари 2011 година

 

Самостоен синдикат за образование, наука и култура (СОНК)

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) е формиран 1991 година преку доброволно зачленување со писмено пристапување во членство на вработените во овие дејности. СОНК сега брои околу 38.000 членови што претставува над 90% од вкупниот број на вработени во образованието, науката и културата. СОНК има синдикални организации во установите, на регионално ниво организиран е во 20 регионални одбори. Претседател на СОНК е Јаким Неделков.

Контакт тел: 02 3165 129; Факс: 02 3224638
e-mail: sonk@sonk.org.mk
www.sonk.org.mk

Самостоен синдикат на вработените во одбраната (ССВО)

Синдикатот ги обединува вработените Во Министерството за одбрана и во Армијата на РМ. Во моентов има членство од 3.500 организирани во 14 регионални организации. Најважните тековни активности на синдикатот се оние околу донесување на измени и дополнувања на Законот за Служба во АРМ и решавање на статусот на професионалните војници и цивилните лица.
Претседател на ССВО е Ристо Ајтов.

Kонтакт тел/факс: 02 2446 238
e-mail: ssvomk@yahoo.com

пристапница  во ССВО word

Самостоен синдикат на вработените во енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ)

Основан е во Мај 2007. Ги обединува вработените во дел од енергетскиот сектор во Македонија, вработените во АД ЕЛЕМ, и АД Мепсо и АД ТЕЦ НЕГОТИНО и вработените во придружните дејности. Брои околу 6.000 члена.
Претседател:  Лазо Стојчевски

Kонтакт тел/факс: 02 3149 031,047- 206 679; e-mail: lazosseri@yahoo.com


Синдикат за транспорт и врски (СТВ)

Синдикатот е формиран во декември 2005 год, и ги обединува вработените во сите видови сообраќај како и во поштенскиот сообраќај, и во приватниот и во јавниот сектор. Синдикатот брои околу 5.000 члена. Претсдетал е Љубе Стојоковски, контакт тел/факс: 02 6121 994
E – mail: pretsedatel@fstv.mk
www.fstv.mk

Поголеми синдикати во СТВ се:
ОО Синдикат на Македонија Пат
Претседател Попов Стојан
Тел/факс: 2 561 209
e-mail: avtopat@yahoo.com

Синдикат на македонска пошта (СМП)
Претседател: Боро Велигденов
Контакт тел: 3 105 137, факс 3 105 142

e-mail: smp-kss@posta.com.mk

Самостоен аеродромски синдикат при ЈПАУ
Претседател: Стево Тодоровски
Контакт тел: 071 329 202, 071 216 006
e-mail: zana_delija@yahoo.com

 


Земјоделски синдикат

Претседател: Лидија Андова

Контакт:
Тел.: 070 307 334

Синдикат на вработените во државната администрација и управата (САДУ)

Синдикатот е формиран во мај 2008 година. Моментално најголемиот ангажман, освен овој за зголемување на членството, е за потпишување на гранков колективен договор за јавната администрација.
Претседател е Виолетка Спасевска.

Контакт тел: 2466 238

Самостоен синдикат на вработените во локалната самоуправа (ССВЛС)

Претседател: Драган Милошески
Контакт:

Тел.: (02) 2 785 401; 070 770 965


Синдикат за угостителство и туризам

Претседател: Роберт Митровски

Контакт:
Тел.: 071 277 890


Синдикат на финансиските работници на Македонија
Контакт тел.: (02) 2 466 238
Синдикат на електронските и печатените медиуми на Македонија (СПЕМ)
Претседател: Александра Стојановска 

Контакт
тел.: (02) 3 236 726
Синдикат на Станбено-деловните и комуналните организации на Република Македонија (ССКО)

Претседател: Зоран Антовски

контакт:
тел.: (071) 276 940

sekcii

Најновите информации за КСС на Вашата електронска пошта


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 
Конфедерација на слободни синдикати на Македонија 2009